Со само 16 години и 9 месеци Пеле на 7 јули 1957 година станал најмладиот дебитант во тоа време кој дал гол на меѓународен натпревар.
Првиот професионален договор го потпишал уште помлад на само 15 години со Сантос, а неговата блескава кариера почнува уште како тинејџер кога со 6 голови му ја носи првата титула на Бразил на Светското првенство 1958 година.
На тој Мундијал Пеле станал најмладиот стрелец на еден Мундијал кој дал гол на 17 години и 239 дена, а во финалето против Шведска 5:2, тој бил двоен стрелец. Пеле во 1970-та стана првиот играч со три освоени Мундјали.
Блесна и на клупски план откако со Сантос освои пет првенствени титули меѓу 1961 и 1965-та, во 1962 и 1963-та го освојува Копа Либертадорес, а на меѓународна сцена победник е и на Интерконтиненталниот куп против Бенфика со Еузебио.
Со 77 голови на 92 меча, тој сè уште е прв стрелец на Бразил. Тој што може да го стигне е Нејмар кој со 23 години има 44 голови на 64 натпревари.
Хајлатс од финалето на Мундијалот 1958