Фудбал

Ефектен автогол во полуфинале на Светско

На Мундијалот за жени во Канада, селекцијата на Јапонија се пласираше во финалето откако ја совладаа Англија 2-1 со автогол во 92. минута од мечот.

Анегдотата на струмичанецот со Роналдињо и Меси

Селекторот на младинската селекција на Србија Вељко Пауновиќ кој е роден во Струмица, како играч на Хетафе пред 10 години и гостувал на Барселона. Во интервју за hotsport.rs раскажува како влегол во соблекувалната на Барселона за да побара дрес од Роналдињо кој е роден ист ден со сестра му.

Кој последен се смее, најслатко се смее

Фудбалерите на Шведска се нови Европски шампиони на возраст до 21 година, откако синоќа во финалето ја совладаа Португалија на пенали 4-3. На крајот го искористија моментот пак да го поздрават Курзава од Франција.

Рајо Ваљекано во борба против ракот и хомофобијата

Шпанскиот прволигаш со дресовите за новата сезона реши да се вклучи во кампањата против дискриминацијата на луѓето со различна сексуална ориентација, како и во борбата против ракот. Седум евра од секој продаден дрес ќе го даваат за тие цели.

Новите прослави на гол на ПЕС 2016

ПЕС го промовираше новото фудбалче 2016. година, а најголемо внимание предизвикаа прославите на гол, исти како во реалниот фудбал.

Трансфер на векот во хрватскиот фудбал

„Толку ми се допадна кога игравме против Сплит што на полувремето отидов кај браќата Жужул да прашам колку треба за да го земам, но не сакаа да слушнат“, изјави Здравко Мамиќ лани за фудбалерот кој неколку години му беше опсесија и кој конечно го потпиша вчера.

Ѓорѓиоски: Воодушевени сме од УЕФА со Платини

Фудбалската федерација на Македонија го претстави планот и пехарот за историското случување во Скопје наречено Супер куп на Европа.

Блатер се плаши од апсење, нема да оди на женското финале

За прв пат откако во 1998. година стана претседател на ФИФА, Сеп Блатер нема да присуствува на едно финале и одби да патува во Канада на женскиот Мундијал.

Нема место за сите во школата на Барса

Ла Масија e расадник на големи таленти. Идејата за формирање на овaa академија е на легендата Јохан Кројф. Голем број деца на овој клуб успеале и во првиот тим на Барселона, но има и многу кои не можеле да се наметнат. 

Првите копачки на Пепе се купени на 15 рати

Многу од фудбалерите кои сега спијат на пари имале трнлив пат до успехот поради немаштија на нивните родители. Таков е случајот и со фудбалерот на Реал Мадрид чиј татко не можел да си дозволи да му купи копачки.

Збогувањето на слаткоречивиот Ето со Евертон и Сампдорија

И покрај тоа што e фино да бидеш фин со навивачите и по цена да не ти легнале на срце за толку кусо време, не е лошо да се потсетиш како си ги поздравил претходните за да не те фатат какo Ето.

Се испотепаа и пак не го сопреа

Двајца фудбалери на Парагвај се судрија и лесно можеа и да се повредат во намерата да го сопрат четирикратниот освојувач на Златната топка. Меси синоќа не постигна гол, но асистираше три пати на мечот Аргентина - Парагвај 6:1. Финалето на Копа Америка меѓу Аргентина и домаќинот Чиле се игра во сабота во 22 часот.

Шаќири близок со Имамот што регрутирал терористи?

Фудбалерот на Интер и швајцарски репрезентативец, Ѓердан Шаќири морал да даде објаснување за фотографијата на која се поздравува со уапсениот приштински Имам кој регрутирал терористи.

Што значи добар настап на голем турнир

Напаѓачот на Чиле, Еду Варгас е најкорисниот фудбалер на досегашниот тек од Копа Америка по што пола Европа ѕвонела на телефоните во Наполи со цел да праша за цената на шпицот.

Прослава на гол со моторна пила

Нигериецот Фанендо Ади му донесе водство на својот тим Портланд Тимберс на дуелот против Сиетл од 2:1, а голот го прослави со моторна пила.

Романтична прослава на гол

Сергеј Левицки од Белорусија го постигна последниот погодок за својот тим Слутск кој славеше против Неман со 4:0, а за него тој меч донесе двојно славје.

Манчестер Јунајтед изигран од 5 фудбалери

Тимот на Ван Гал сезоната ја заврши на четвртото место во Премиер лига, а со тоа обезбеди пласман во квалификациите за Лига на шампиони. Менаџерот на Јунајтед почна активно да работи на трансфер пазарот, но го одбија неколку звучни имиња.

Поради алчниот Жервињо Рома извиси за 13 милиони евра

Рома сигурно сметала на 13 милиони евра колку што требал да исплати клубот Ал Џазеира за Жервињо. На крајот, фудбалерот сакал услови кои дури ни шеиците не можеле да му ги исполнат и договорот пропаднал.

Тандем од Барселона ќе го предводи нападот на Анталија

Откако министерот за надворешни испрати авион за Ето во Италија, во истиот клуб доаѓа уште една голема ѕвезда. Тоа е Роналдињо по кој ќе збеснат турските навивачи.

Скопје избран за домаќин на УЕФА Супер купот 2017

Освојувачот на Лигата на шампионите и победникот во Лигата на Европа за 2017. година ќе се сретнат во Скопје, изјави синоќа рускиот министер за спорт Виталиј Мутко.

Додавање на сезоната

Палмеирас славеше над Сао Паоло со 4:0, но за домаќините секоја топка беше важна па дури и кога изгледаше дека е загубена. Аргентинскиот напаѓач Џонатан Кристалдо им покажа на Бразилците што значи снаодливост.

Наместив пет натпревари, секој по 100 илјади евра

Откако италијанската јавност откри дека Катанија сезонава купувала натпревари за да остане во Серија Б, денес претседателот на овој клуб и официјално признал на суд дека местеле. Спортскиот директор го прави газдата ненормален.

Кој е Бразилецот кој Мурињо им го украде на Барса и Манчестер

За 19 годишниот Роберт Кенеди од Флуминенсе велат дека по потезите и брзината наликува на Нејмар, а според силината на Хулк. Жозе Мурињо ја искористи казната на Барселона која не може да пазари играчи и им го лапна пред нос.

Чиле им пуштил дрон, Перу го прекинал тренингот

Во пресрет на полуфиналето против домаќините селекторот на Перу, Гарека го прекинал тренингот откако видел дрон и за тоа го обвинува селекторот на Чиле, Хорхе Сампаоли.