365-те дена на Манчини во Интер

Роберто Манчини славеше титули со Интер во 2006, 2007 и 2008 година, а со неговиот кам бек се очекува овој тим повторно да атакува на Скудетото. Трите најдобри и најлоши моменти за време на неговата едногодишна работа.

Селтик – Интер 3:3 (19 февруари 2015)

Меч за паметење откако се врати во Интер е осминафиналниот дуел од Лига Европа против Селтик на гости кој заврши 3:3. Интер не смееше да си дозволи да испушти победа бидејќи имаше водство од 3:0 со двата гола на Шаќири и погодокот на Паласио, но одигра фантастично прво полувреме против Шкотланѓаните.

Интер – Милан 1:0 (13 септември 2015)

Најважниот меч на сезоната ривалите од Милано го одиграа на стартот од сезоната, уште во 3. коло, а го доби Интер со голот на Гуарин во 13 минута.

Интер – Рома (31 октомври 2015)

Интер има слаба ефикасност сезонава од 12 гола на 12 меча, но тоа за сега им е успешна формула за на врвот на табелата. Следниот голем противник кој загуби со минимален резултат е Рома, а стрелец на голот беше Медел.

Интер – Удинезе 1:2 (7 декември 2014)

Неочекуван пораз со пресврт пред своите навивачи, тимот на Манчини доживеа минатата сезона од Удинезе. Икарди го отвори резултатот, но три бода кај екипата од Удине отидоа благодарение на Бруно Фернандес и Теро Сириљ.

Интер – Парма 1:1 (4 април 2015)

Реми исто како пораз, бидејќи Парма играше со младинци кои играа без пари и тонеа на последно место. За овој нерешен резултат фудбалерите на Интер добија свирежи.

Интер – Фиорентина 1:4 (27 септември 2015)

Дебаклот пред своите навивачи на Интер беше најавен уште по 23 минути игра кога на семафорот стоеше 0:3. Икарди во 60 минута го намали резултатот, а конечните 1:4 ги постави Калиниќ кој постигна хет-трик. Резултатот го отвори Иличиќ од пенал по 4 минути игра.

13 ноември 2015 - 15:14