Манчестер Јунајтед беше пред реализација на договорот со Педро Родригез кога Челси чукна на врата кај Шпанецот и им го украде на Ѓаволите буквално пред нос. Не им е прв пат вели историјата.
Навивачите на Атлетик Билбао се единствени кои не му ја мислат многу за време на преодниот рок затоа што клубот повеќе од 100 години се држи за едно правило кое за Баскијците е свето.
На првенствениот дуел во Мароко меѓу тимовите на Магреб Фес и АС Сал, домаќинот во 84. минута остана со играч помалку поради тоа што нивниот голман Мохамед Сокра фати навивач кој влезе на терен, го истера надвор и доби црвен картон. Правилата велат дека судијата постапил правилно.
Најново засилување на Челси, Педро на својот прв меч во Премиер лигата постигна гол и имаше асистенција. Сините славеа против ВБА на гости со 2:3. Тери доби црвен, а Куртоа одбрани пенал.
Дебито на новиот тандем на Милан, Карлос Бака и Луиз Адирано ќе се одвива во Тоскана, на истото место каде што за Милан дебитираа легендарните Холанѓани. Росонерите вечерва ѝ гостуваат на Фиорентина од 20:45.
На мечот Лехија - Лешна во полската Супер лига, гостинскиот голман уште во седмата минута доби директен црвен картон. Причина: Се заборави дека е надвор од шеснаесетникот. Иако резервниот голман подоцна правеше чуда, Лешна загуби со 3-1.
Од 2012 до 2015 година дури девет фудбалери кои се производ на легендарната младинска школа Ла Масија, ја напуштиле Барселона и се преселија ширум Европа.
19-годишниот Алесандро Коломбини од италијанскиот град Ливорно најдобро знае како секој пасиониран играч на играта Менаџер може да изгуби контакт со реалноста.
Пред 12 години, детето што собираше топки на натпреварот, му го побара дресот на Стивен Џерард. Легендата на Ливерпул ладнокрвно реагирала и го одбила детето без никаков срам. Детето се расплакало и отишло кај своите родители. Од вчера ова дете од сликата е новиот играч на Реал Мадрид и најголемото засилување за Кралевите во летниот преоден рок - Матео Ковачиќ.
„На времето бев пред потпис со фудбалер кој преку ноќ ми го украдоа преку телетекст. Па сега замислете колку е тешко денес да се сокрие понуда, договор, потпис“, вели некогашниот селектор на Англија и тренер на Тотенхем Хари Реднап.
Синоќа во Европа се одигра првата рунда од плејофот за ЛЕ, а најмногу голови и неизвесност имаше на дуелот меѓу Од и Борусија Дортмунд во Норвешка каде падна и најбрзиот гол во историјата на ЛЕ.
Фудбалерите на Работнички и натаму ја живеат европската бајка, откако вечерва одиграа 1-1 со Рубин Казан во Скопје. Романтичарите се бореа со играч помалку речиси цело второ полувреме.
Дуелот меѓу чилеанскиот Хуачипато и парагвајската Олимпија од првото коло на Копа Судамерикана ја одбележи зицерот на домашниот центарфор Хавиер Парагес. Од многу мислење глава боли.
Раководството на Баерн Минхен го опоменало Мароканецот да престане да ги слави головите со имитирање на пукање од митралез и тој ги послуша уште во првото коло.
Поранешниот фудбалер на Тотенхем, Фабрис Муамба кој пред три години доживеа инфаркт на сред терен како играч на Болтон, сега го обвинува Мурињо што им се противи на лекарите.
На мечот Шангај Шенуа - Шангај Ист Азија, Колумбиецот Џовани Морено го постигна најубавиот гол во кинескиот фудбал сезонава. Колку ефектен гол даде Морено покажува и рекацијата на Демба Ба кој игра за Шангај Шенуа.
Благодарение на ФИФА training and solidarity mechanism и поради фактот што Педро играл за овој тим до 17 години, клубот Ракви Сан Исидро ќе добие околу 450.000 евра од целосната сума која Челси ќе ѝ ја плати на Барселона.
Поранешниот менаџер на Виера, Анри, Макелеле и Анелка, за Л'Екип раскажува анегдоти и извадоци од неговата биографска книга во која ги споменува најголемите фудбалски имиња.
Кога тренерот на Работнички пред турската јавноста изјавил дека имаат буџет од 350.000 евра, новинарите го прашале дали е тоа месечен или неделен. Ангеловски не се смета за суеверен човек, но пред мечот против Трабзон добил ластиче од ќерка му за да му носи среќа.
Една од подобрите епизоди на Монти Пајтон е фудбалското дерби меѓу античките филозофи и математичари против германските автори во рамките на СП за филозофија.