Роналдо му врати на Капело

Поранешниот бразилски напаѓач одговори на критиките на Капело кој барал подобра линија од него во Реал Мадрид.

Фабио Капело го пофали Роналдо дека е најдобриот фудбалер кој некогаш го тренирал, но го искритикува за тежината бидејќи со тоа бил лош пример за другите. Роналдо му реплицираше.

„Капело беше голем тренер во свое време во 90-те години. Во Реал Мадрид веќе беше во фаза на опаѓање и ја загуби способноста за да ги мотивира играчите. По таа сезона веќе немаше успеси“, изјави Бразилецот.

По заминувањето од Мадрид, Капело ги водеше Англија и Русија само на квалификациите за Светските првенства во 2010-та и 2014-та, а Роналдо играше за Реал од 2002 до 2007-ма и на 127 меча постигна 83 гола.

30 декември 2015 - 15:14