Никој како Месут Озил во Премиер лигата

Габриел го искористи корнерот кој го изведе Озил и погоди против Бурнемут, а тоа донесе нов рекорд во англиското првенство.

Озил е нов рекордер во Премиер лигата со 20 асистенции во една календарска година. На мечот против Бурнемут тој го сруши рекордот на еден друг играч од Арсенал, а тоа е Тиери Анри кој пред 12 години стигна до 19 асистенции.

Во оваа конкуренција високо котира и Ерик Кантона кој стигнал до 17 асистенции во една година, Бекам до 16, а Беркамп и Фабрегас имаат по 15.

По сезони Анри сè уште го држи приматот од 2002/2003, но со ова темпо на Озил лесно може да се случи да му го сруши и тој рекорд. Ланската сезона топки на тацна најмногу даваше Фабрегас, кој не помина лошо ниту во Арсенал 2007/2008, а Лампард најмногу асистенции додели сезоната 2004/2005.

30 декември 2015 - 12:20