Што правеше Арда Туран шест месеци без фудбал

Барса во лов на трофеи со новото засилување

Поради суспензијата со која се соочи Барселона, на Турчинот шест месеци не му беше дозволено да игра за клубот кој го засили летово, но тој најде занимација во меѓувреме.

Тренинзи
 
Туран стана играч на Барселона на почетокот на јули годинава, но поради казната од УЕФА поради прекршување на финансиските правила, Турчинот не играше. Арда имаше опција да заигра како позајмен во Галатасарај, но тој одлучи да остане и да тренира пола година со новите соиграчи.
 
Бараше намалување на казната во УЕФА

Каталонците се обидоа да најдат некоја дупка за да ја избегнат казната од УЕФА. По тешката повреда на Алкантара, клубот побара дозвола да го регистрира за натпреварите Арда Туран наместо Рафиња. Инсистираше играчот, инсистираше турскиот фудбалски сојуз и Барса, но Арда на крајот беше одбиен.

Се откажал од десетката на Меси

„Во репрезентацијата на Турција играм 14-ка, затоа што татко ми беше вљубен во Јохан Кројф. Во Атлетико веднаш ми ја дадоа 10-та, а тој број долго го носев и во Галатасарај. Веднаш после потпишувањето договор со Барса, ми пријде Меси и ми кажа дека можам да го земам тој број ако го сакам", изјави Туран неодамна.

Меси продолжи да ја носи 10-та, така што заклучокот е јасен.

Го допре трофејот од Супер Купот

И без Туран, Барса го освои Супер Купот на Европа, по неверојатниот триумф над Севиља од 5:4. Турчинот немаше право на настап, но се фотографираше со пехарот и медалот.

Стана личност на годината во Турција

Отсуството од фудбалот воопшто не го засени учинокот на Арда Туран за Турција, земја која се пласираше на Европското првенство во Франција следната година. Арда Туран ја освои наградата за Личност на годината во татковината, а признанието му го додели легендарниот кошаркар Хидает Хидо Туркоглу.

Се појави на насловната на магазинот GQ

Магаѕинот органиѕираше премија за маж на годината. Фудбалерот на Барса не е изненадување на насловната страна, затоа што Арда Туран во 2014. година се сликаше и за турското издание на овој магазин, кога го избраа за спортист на годината.

Играше на турнирот на Барселона во ФИФА 2016

Најпопуларната фудбалска видео игра долго време е многу играна меѓу играчите. Барса организираше турнир на кој Туран играше во ист тим со Алвеш и Браво, а загуби со 0-4 во партии од Нејмар, Тер Штеген и Жодри Алба.

Го задржи стилот

Во Турција Арда Туран се смета за модна икона. Беше редовен посетител на сите модни настани и вечери во Мадрид и во Барселона.

Ја гледаше Барса - БАТЕ Борисов во друштво на Меси

Даде гомила интервјуа

Полушпицот беше најбаран меѓу фудбалерите на Барса за интервјуа. Не играше шест месеци, но редовно настапуваше како стручен коментатор на телевизиските канали.

Снимаше реклами

Еден од партнерите на Барселона е производителот на гуми, Ласа Тајрс. Компанијата снимаше реклами на кои се појавија кошаркарот и фудбалерот на Барса, Наваро и Туран.

Влезе во изборот на 100 најдобри играчи според 442

Од Блауграна дури 9 играчи се најдоа на оваа листа. Туран стана 62. играч, зад Алба (57), Пике (35), Бускетц (21), Иниеста (15), Ракитиќ (12), Суарес (5) и Нејмар (3), пред неприкосновениот Меси.

Се пласираше на Евро 2016

Турците играа слабо во квалификациите, но имаа среќа што Холандија никогаш во историјата не била поочајна. Арда Туран со два гола и дури 5 асистенции беше меѓу најзаслужните за големиот успех на Турција.

Примаше плата шест месеци

Годинава Арда ја затвора со 11,7 милиони евра неофицијална заработка. Турскиот фудбалер тренираше, се дружеше и снимаше реклами и за сè тоа беше платен. За пет месеци без фудбал на неговата сметка минаа околу 4,8 милиони евра.

29 декември 2015 - 10:46