Фудбал

Египќанецот од кој бегаше и Златан Ибрахимовиќ

Еден од најголемите бунтовници во светот на фудбалот играше од чиста забава, затоа што татко му беше шеик. Со еден потег решаваше натпревар, а успеа да се скара со сите тренери и секоја управа.

Турски 12 годишен феномен

Детево се вика Емирхан Делибаш и потекнува од академијата на Бешикташ. После ова што го направи не му бега светска кариера за едно 10 години.

Best od Gorgi Hristov

Сосема случајно налетавме на едно видео на Јутјуб од поранешниот македонски репрезентативец Ѓорги Христов. Насловено е како што читате во насловот, а квалитетот на снимката од колекцијата со голови е како да играл во времето на Пеле.

Мурињо: Ако сакав мирна работа ќе останев во Порто на убава сина фотеља

Откако седна на клупата на Челси во 2004-та со претходно освоени ЛШ и ЛЕ како тренер на Порто, Мурињо се нарече „Тhe special one“, прекар кој го докажува сè уште најмногу поради односот пред камерите каде си создаде свој имиџ. Колекција од 15 негови историски изјави.

Ѕирнете од близу во тунелот на Манчестер Сити

Во тунелот на Етихад во 2011-та беше вградена камера, но од сега навивачите ќе имаат детален увид со помош на нова технологија и камера која се врти 360 степени. Фановите ќе може да посматраат што се случува внатре пред, за време и после секој натпревар како што беше на мечот против Челси изминатово коло.

Теди Шерингам во тимот има фудбалер кој беше во затвор за хулиганство

Ден Велс беше уапсен во тепачка со навивачи на англискиот нисколигаш Лејтон Ориент, а сега е нервозен бидејќи го чека пресметка против истата екипа но како актер на теренот.

Како Ливерпул изведува слободен удар без Џерард

Џан, Милнер и Бентеке или го вежбале ова на тренинг или на Милнер му дојде спонтано. Што и да е точно, пожелно е повеќе да го вежбаат.

Малерозното деби на Меси од 43 секунди

Младиот 18 годишник дебитираше за аргентинската репрезентација пред точно 10 години, но со лактот направи сличен потег како Дарко Панчев против Данска и уште неиспотен го пратија во соблекувална.

Тројно црногорско промашување

Црногорскиот напаѓач Емир Кујовиќ кој игра за шведскиот клуб Норкопинг беше упорен во акцијата, ама му беше потребен и четврт обид за да го погоди голот.

Манчестер Јунајтед гази во одбрана

Тоа што Фердинанд и Видиќ ги нема повеќе на Олд Трафорд, не ја ремети одбранбената линија на Црвените ѓаволи која е најсигурна од ноември минатата година. Јунајтед со Крис Смолинг и Дели Блинд како стопери во последните 9 месеци има примено 23 голови, а новата сезона во Премиер лигата ја почнаа со две победи без примен гол.

Проектил ала Роберто Карлос

Мислевме дека ова е листата на голчишта од викендов која треба задолжително да ја погледнете, ама не сме го ставиле главниот топовски удар. Тијаго Карлето од Ботафого заслужува чиста 10-та за ова чудо.

Нов напаѓач меѓу голманите

Зденек Зламал е голманот кој постапи јуначки како Мартин Хансен. На корнерот во 92 минута никој не му текна дека треба да му залепи чувар, а тој од ситуацијата профитираше со погодок вреден бод за неговиот чешки тим Дукла Праха.

Животот на првиот англиски фудбалер кој призна дека е геј

Мислам дека направи, односно дека направивме една ситуација во кој беше изолиран. Не мислам дека прифативме тоа што е геј. Кога велам “ние“ најверојатно сакам да се заштитам за да не кажам “јас“, изјави неговиот брат.

Топ 4 голчишта од викендов

Холандија и Англија ги донесоа најатрактивните голови овој викенд, а наш фаворит е слободниот удар на фудбалерот од Хераклес.

99 резултати од 101 меч на страната на Атлетик Билбао

Мотивација за Барселона вечерва да го анулира дебаклот од 4:0, треба да биде еден меч пред 15 години кога Луис Енрике постигна хет-трик, а најлошото можно сценарио е да им се повтори двомечот со Баерн Минхен.

Браќата кои заиграа за различни репрезентации

Тешко дека го знаете Макс Виери, брат му на славниот Бобо или Матијас Погба, брат му на Пол, бидејќи едниот играше за Прато, а другиот за Кроли Таун. Познати браќа од фудбалот се Алкантара и Боатенг. И покрај тоа што се родени во иста земја, не ја претставуваа истата.

Стартува Бундеслигата, Баерн е империја за другите

Баварците се трети во Европа по приходи и ќе бркаат историски подвиг, а тоа е да станат првиот германски клуб во историјата со четири освоени титули во низа.

Двата милиони евра на Ромарио во швајцарска банка кои не постојат

Многу поранешни славни бразилски фудбалери отидоа во политика како Бебето, Вампета, Тулио, Роберто Динамите, па дури и Зико и Пеле, но на никој не му оди како на Ромарио, еден од најдобрите голгетери на оваа фудбалска земја кои ги брка криминалците во фудбалот.

Како да изнервираш навивач на Јунајтед за 60 секунди

Навивачите на Челси ги изнервиравме, а сега се на ред оние на Манчестер Јунајтед кои примија 5 гола од Лестер, 6 од Манчестер Сити и за тренер по Фергусон го имаа Мојс.

Отворени огласи за фудбалери

„Така се бараат пекари, па зошто да не и фудбалери. Одма се гледа кој знае да игра исто како кој знае да меси леб“, вели претседателот на Раднички.

Милан ја освои Лигата на шампионите

Милан Пике е синот на Пике кој го постигна победничкиот гол и го подигна трофејот во најелитното клупско европско натпреварување.