Фудбал

Пушкаш наградата слободно нека оди кај третолигашов

Голманот на Ден Хаг денеска го засени анонимусот Карстен Камлот кој игра во третата германска лига и кој му покажа на Златан Ибрахимовиќ дека има и други момци надарени за гимнастичарски акробации во фудбалот.

Најпознатите инциденти во фудбалот во детска верзија

Божјата рака на Марадона, гризењето на Суарез, главата на Зидан и уште неколку славни прљави моменти од фудбалот кои уште многу години ќе се раскажуваат, ги глумеа деца.

Голманската петица од навивачки агол

Мартин Хансен од Ден Хаг е јунакот во воведното коло од холандското првенство откако во 95-та минута го реши мечот против ПСВ како да е врвен напаѓач. Лудата завршница успеа да ја сними навивач со телефон.

Историјата на Парма на распродажба

Стечајните управители ќе понудат сè што може да се продаде од клубот, како на пример пехарот од Купот на УЕФА, а заинтересираните ќе може да купуваат почнувајќи од 11 септември.

Пршута дресови

Ако имате зголемен апетит за време на фудбал, тогаш сигурно гледате шпански нисколигашки фудбал каде дресовите секогаш ги мешаат со храна. Гихуело најновите дресови ги направи како ордевер со пршута.

Судија отвори Фејсбук страна за да ги објаснува одлуките

Целта на Швеѓанецот е да привлече повеќе луѓе за да се бават со оваа работа и да објасни зошто донел одредена судиска одлука. Ова да му текне на македонски судија, уште на првата спорна ситуација ќе добие коментари со мајки, шајки.

Поранешна Југославија е злато за фудбал

Од странците во Серија А командуваат Хрватите, Србите, Словенците, Босанците, Црногорците и Македонците, а во моментов ги има 47, повеќе од Аргентинците и Бразилците.

Срамота е да го промашиш ова и со врзани очи

Џереми Бокила од Конго кој игра во Кина, по ова промашување си ја заработи клупата за резерви за цела сезона. Тој имаше локум топка за да му донесе победа на својот тим Гвангжу кој одигра 2:2.

Доминацијата на Барселона во последните седум години

Каталонците успеаа да подигнат 20 пехари на последните 40 натпреварувања почнувајќи од 2009 година, а таа бројка може да ја подобрат со уште два трофеи за кои ќе се борат до крајот на оваа година.

Тренерите од Премиер лига на Панини

Сите 20 сегашни тренери од Премиер лигата некогаш биле фудбалери, а кај дел од нив се разбира дека има место за сеир кај фризурите.

Арсенал е 10 пати поскап за гледање од Баерн Минхен

Англиските клубови немаат осет со цените на годишните карти, а доколку истата политика би имале можност да ја применат во Бундеслигата ќе бидат постојано бојкотирани. 10.000 Германци во знак на револт наместо на гостување, ќе одат да го гледаат вториот тим на Борусија.

Омилената жртва на Меси

Минатиот 23 ноември, Лионел Меси стана најдобар стрелец во историјата на шпанското првенство со хет-трикот против Севиља, а синоќа за прв пат во кариерата на еден меч против истиот тим постигна два гола од слободен удар.

Селектор и гледач на ферка

Репрезентациите на Коста Рика и Панама за играчи до 23 години, одиграа без голови на квалификациски меч за ЛОИ Рио 2016, а на предводникот на Коста Рика, Пауло Ванчоп, инаку поранешен играч на Манчестер Сити обезбедувањето на му дозволи да се симне на терен по мечот. Потоа настанаа турканиците.

Голманот кој треба почесто да игра во напад

Мартин Хансен кој брани за Ден Хаг покажа колку е понекогаш важно голман да се најде во шеснаесетник. Тој го постигна најатрактивниот гол кој сме го виделе од играч кој игра на негова позиција и тоа во 95-та минута против актуелниот шампион ПСВ, во првото коло од новата сезона во Холандија.

Барселона низ финалињата во европскиот Супер куп

Барселона и Севиља како победници на ЛШ и ЛЕ, вечерва на Микеил Мешки во Тбилиси ќе се сретнат во финалето од Супер купот на Европа. Ве потсетуваме четирите освоени трофеи на Барса преку головите на Стоичков, Луис Енрике, Ривалдо, Педро, Меси...

Трагикомичниот Супер куп

Шангај во саботата беше домаќин на италијанскиот Супер куп меѓу Јувентус и Лацио кој заврши 2:0 за Бјанконерите. Финале кое изгледаше како да се игра на нива, кое првото полувреме го скрати за две минути и за кое РАИ веднаш се извини.

Премиер лига со странци

Арсенал, Њукасл и Ватфорд првото коло во новата сезона од Премиер лигата го одиграа со по само еден Англичанец во прв тим. Од вкупно 220 фудбалери кои викендов беа стартери, 73-ца беа Англичани.

Си замина од Рома, потпиша за Милан, облече дрес на Лацио

Големата надеж во одбраната на Милан за која гарантира Михајловиќ, од денеска стана непријател со пола Рим откако ја одбра најголемата можна провокација за навивачите на Рома.

Празнична недела со Форлан, Нејмар, Џовинко, Гризман и Левандовски

Пријателските мечеви, летните турнеи и стартот на некои фудбалски првенства се сосема доволно за една богата атрактивна топ листа со голови. Ви го издвојуваме тој на Селтик.

Најслатките 14 милиони евра на ЦСКА Москва

Челните луѓе на рускиот тим направија супер бизнис зделка од фудбалер кој замина во Серија за пари, а по само шест месеци го пратија без пари. Клубот кој загуби во случајов е Рома.

Топ 5 голови на Агим Ибраими

Го тресна Челси на Стемфорд Бриџ, имаше солопродор од своја половина и голчиште за репрезентација, а како младинец испука бомба и против Англија. Сите 5 голови на Ибраими на оваа листа се ремек дела.

Најемотивната изјава на Занети

Иконата на Интер којa се пензионираше по 19 сезони на Меаца, 858 настапи и 16 трофеи, денеска полни 42 години. Ве потсетуваме на негова изјава дадена по едно финале одиграно на Олимпико во Рим на 29 мај 2011 година.

Доволни ли се 110 милиони евра за титула?

Бастијан Шванштајгер и Радамел Фалкао се двете најзвучни имиња кои ја засилија Премиер лигата. Челси и Манчестер Сити, а можеби и Јунајтед ќе го имаат главниот збор сезонава, додека кај Арсенал секогаш постои желба за титула. Најмалку пари штедеше Ливерпул.