Што остави Гвардиола зад себе во Баерн Минхен

Возбудата во Германија кога Пеп Гвардиола беше именуван за нов тренер на Баерн Минхен беше опиплива. Брендот од Бундеслигата двојно се зголеми преку ноќ, а социјалните мрежи експлодираа со шпански хаштаг, откако Баерн Минхен по тројната круна за нов тренер го назначи најдобриот во светот. 

Тоа чувство по три години се заборави и се заменува со носталгичен вкус. Претседателот на Баерн, Карл Хајнц Румениге беше “оптимист“, но облакот над Гвардиола стана поголем над неговата глава. „Утре, утре“, промрморе Гвардиола по победата над Хановер, одговарајќи на прашањата за неговата иднина.

Па тоа утре дојде. Уште од времето кога прв пат се спомена неговото заминување, вревата почна да станува се погласна. Стравот кај навивачите на Баерн стана реалност. Гвардиола си оди.

Баварската бруталност

Кога дојде во Баерн, Каталонецот се соочи со тим на кој му требаше нова мотивација, откако освои сè со Јуп Хајнкес. Откако успешно го презеде тимот во негов стил, остави зад себе тактички разновидна страна, со врвна доверба и со нескршлива верба во победа уште пред да почне натпреварот.

Оваа сезона немилосрдното спроведување на пет напаѓачи во стартниот состав е речиси арогантен бран за противникот. Со играчите на располагање, неговиот метод беше брутално успешен и резултираше со гол разлика +38 и 8 бода предност пред вториот во Бундеслигата во зимската пауза. За сето негово време, во секој меч, Гвардиола го усовршуваше неговиот систем.

Тој направи машина на терен и мали промени, како на пример играчите да јадат заедно во периодот околу мечевите. Менталната предност на играчите е за восхит и таа група со него освои две, а веројатно ќе стигне и до трета титула во Бундеслигата. Секоја сезона, секое коло, неговиот тим поставува нови рекорди со посед, бодови и пасови. Во архивата на Гвардиола има и Куп на Германија, Супер Куп и Светско клупско првенство.

Три години

Тоа што не успеа да го освои е одлучувачки фактор за многумина. Лигата на шампионите изгледа лесно кога ја освојува Барселона, но за Гвардиола со Баерн Минхен тоа е полуфинална болка. Поразот од Каталонците е повеќе за простување, Баерн не беше целосно развиен, но поразот од Реал Мадрид во 2014-та беше пропуштена шанса. Гвардиола подоцна призна дека тоа што ги слушал играчите и тоа што играл поофанзивно било грешка.

Оваа сезона, доколку не го подигне овој пехар, 44 годишниот стратег прв пат во кариерата ќе почувствува дека не успеал, токму кога треба да успее. Но за тоа не треба да му се суди. Тоа што Баерн Минхен го има сега е платформа за континуиран успех и во таа временска рамка, една или две Европски титули ќе дојдат.

Доаѓа Карло

Карло Анчелоти е човекот кој ќе преземе, а тоа е сон во соѕвездието за трикратниот освојувач на ЛШ. Со Румениге и Матијас Замер, кои се грижат за поголемиот дел од работата надвор од терен, човек кој освоил сè, може да ужива во тоа што најмногу го сака, а тоа е тренирање на најдобриот тим. Кога во октомври се појавија првите шпекулации за заминувањето на Гвардиола, Анчелоти рече дека неговиот колега не можел да ужива во игрите бидејќи имало слаба конкуренција во Бундеслигата, но 56 годишниот стратег сигурно ќе почне да ужива во таа позиција кога ќе го замени.

За Баерн овие три години под водство на Гвардиола ќе им послужат во следните пет. Тимот е попаметен од било кога, ужива голема покриеност и направи чуда во Бундеслигата. Секако, само прашање на време е кога ќе ја вратат Европската титула, но дали ќе биде тоа последниот подарок од Пеп?

fourfourtwo

21 декември 2015 - 18:50