Фудбал

Солзите на Батистута кога и пресуди на својата Фиорентина

Се сеќавате ли кога славниот Габриел Омар Батистута ја напушти Фиорентина после девет години и потоа како да не можеше да се помири дека му даде гол на својот довчерашен клуб на кој му беше верен и во втора лига?

А сакаа само да помогнат

Циркузов е од африканската Лига на шампиони на мечот меѓу Монгреб од Тунис и Ал Хилал Омдурман од Судан, а дечкиве што се задолжени да го однесат повредениот играч надвор од терен за да му се укаже лекарска помош излегоа најголеми виновници за ситуацијава.

Сите одбрани на Божиновски против Трабзонспор

26 годишниот чувар на голот на Романтичарите беше еден од најзаслужните што Работнички прими само еден гол на пеколното гостување во Турција кој не им беше доволен на домаќините за пласман во плејофот од ЛЕ.

Рубин Казан е противникот на Работнички во плејофот

Рускиот претставник кој пред неколку години ја совлада Барселона во групната фаза од Лигата на шампионите е последната пречка за Романтичарите кои ќе се борат за историски пласман во групната фаза од ЛЕ.

Лацио - Баер Л. и Валенсија - Монако во битка за ЛШ

На денешната ждрепка во Нион беа извлечени плејоф средбите за Лигата на шампиони. Манчестер Јунајтед имаше најголема среќа.

Сампдорија не го заборава Вујадин Бошков

Покрај Работнички, сензација во третото квалификациско коло синоќа направи и Војводина која со вкупен резултат 4:2 ја елиминираше Сампдорија. Италијанците и покрај тоа што во Нови Сад отпатуваа со негатива од 4:0, најдоа време и за својот миленик кој им го донесе единственото Скудето во историјата.

Работнички vs Трабзонспор во пари

Засилувањата на Трабзонспор како Босингва од Челси, Констант од Милан, Каванда од Лацио и Кардозо од Бенфика не се гаранција за сигурна победа против екипа со Кире, Мите, Душко, Баже и останатите. Нивното срце беше посилно од богатството на турскиот тим.

Работнички херојски по 120 минути го урна Трабзонспор среде Турција

Европското лето за фудбалерите на Работнички не заврши ниту по двомечот со Трабзонспор кој важеше за фаворит. Романтичарите со гол во 112 минута ремизираа на 1:1, го елиминираа 100 милионскиот турски тим во третото квалификациско коло и се изборија за плеј оф во Лигата на Европа.

Бенин и Салвадор и донесоа напредок на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација остана со 311 бодови, но забележа скок од две места на ранг листата на ФИФА поради падот на други две репрезентации.

Гвардиола се исклучи на прес

Во пресрет на Ауди купот каде учествуваат Милан, Реал Мадрид, Баерн Минхен и Тотенхем, на заедничка прес конференција седнаа сите тренери, но Пеп Гвардиола исто како да го немаше. 

Од затвор назад во француското првенство

Поранешен фудбалер на Ница, Олимпик Марсеј и Бордо кој има освоено 9 трофеи со овие три клуба ја одлежа затворската казна и сега е во потрага по нов клуб. 

Првите пенали во англискиот фудбал

Правилото за изведување удари од 11 метри кои го одлучуваат победникот, денеска на островот слави 35 години.

Скриените случки од кариерата на Алмеида во Италија

Шансата да играш во Серија А, не носи само пари, слава и жени. Може да се случи да ти се сипат ултраси на улица па да се криеш во ковчег, да ти наложат да местиш натпревар или да ти даваат нешто да ставиш vo организам, а да немаш појма што е.

Голманска грешка на денот

Од сето ова добра му беше само намерата, а тоа е да ја извади топката од гол.

Зошто Ди Марија не успеа во Манчестер

Аргентинскиот репрезентативец лани го направи рекордниот трансфер во Англија, играше во финалето на минатото Светско првенство и го сметаат за еден од најдобрите фудбалери во светот на неговата позиција.

Рестарт на Парма со 10 играчи и 5.000 годишни карти

Славниот италијанскиот прволигаш кој пред 15 години го гледавме во Скопје против ФК Победа со Буфон, Турам и Канаваро, стартува одново во аматерски ранг, но тоа не ги поколеба ултрас навивачите да ги разграбаат годишните карти.

Како да се одмориш од слава со топката

Излегуваш маскиран на улица, жонглираш, правиш финти, му додаваш на кој стигнеш, бараш телефон од женски и пак привлекуваш внимание но без да ти биде терен бидејќи никој не знае кој си. Потоа кога ќе ја извадиш брадата, сè е по старо.

Турска супер лига - фанатизам и многу пари

Турската фудбалска лига летово е прва во Европа по трансфери на играчи за кои клубовите потрошија приближно 55 милиони евра.

Кој им го украде пехарот на жените од првиот ФА куп?

Фудбалерка на Саутемптон која го освои првиот ФА куп во 1971 година сè уште се надева дека ќе го пронајде пехарот и ќе го стави во музеј.

Фаул за затвор по брза постапка

Натпреварот е Австрија Виена - Ајакс од 3. квалификациско коло за ЛШ кој заврши 2-2, а малоумникот е Стефан Шваб.