„Ве молам да не ме викате арогантен, шампион сум на Европа и верувам дека сум посебен (специјален). Ако сакав едноставна работа ќе останев во Порто: Сино седиште, Лига на шампион, Бог и после Бог јас“.
„Мислите ли дека Лампард би можел да се снајде во италијанскиот фудбал?“- Зошто ме прашувате за играч на Челси?„Се обидувам итро да ја вратам темата која штотуку ја избегнавте“- Да, дааа. Но јас не сум идиот.
„Јас ги познавам монахот (monaco) од Тибет, Принцот од Монако, Баерн Минхен (на италијански Bayern Monaco), Гран Прито на Монако. Не знам други. Ако тој Ло Монако сака да стане познат со тоа што ќе ми зборува за мене, треба да ми плати за тоа. Јас веќе имам спонзори кои ми плаќаат за реклами".
НУЛА ТИТУЛИ - 3 март 2009 (Полемика после еден пенал против Интер досуден за Рома)
„Не ми се допаѓа интелектуалната проституција. Јас сакам интелектуална чесност. Ми се чини дека во последните денови има голема интелектуална манипулација, организирана работа за да се смени јавносто мислење во еден свет кој не е мој. Во последните два дена не се зборува за големите играчи на Рома, туку дека ќе ја заврши сезоната со нула титули. Не се зборува за Милан кој има 11 бодови помалку од нас и ќе ја заврши сезоната со нула титули. Не се зборува за Јувентус кој освои многу бодови после судиски грешки".
НЕПРИЈАТЕЛИ - 22 август 2009 (пред почетокот на првенството)
„Изразив мислење како слободен човек во слободна земја и веднаш скокнаа непријателите. Тоа ми се допаѓа: јас зборував и сите се собраа".
АНТИЈУВЕ - 19 февруари 2010 (полемики по пеналот за Јуве)
„Шеснаесетникот од 25 метри има само еден во Италија".
POR QUE? - 27 април 2011 (конференција по мечот Реал - Барселона 0-2, полуфинале на ЛШ)
„Ако ви го кажам вас и на УЕФА тоа што го мислам и тоа што го чувствувам, мојата кариерата ќе заврши денес. И поради тоа што не можам да го кажам тоа што го чувствувам, имам едно прашање. И се надевам еден ден ќе ми одговорат. Прашањето е: Зошто? Зошто Овребо? Зошто Бусака? Зошто Де Блекере? Зошто Фриск? Зошто Старк? Зошто? Зошто во секое полуфинале се случува истото? Зошто Овребо пред три години? Зошто Челси не можеше да влезе во финалето? Не знам дали е моќта на Уницеф, не знам дали е моќта на господин Виљар во УЕФА".
ГУГЛ - 21 јуни 2012 (интервју за Газета дело Спорт)
„Да бидам медиокритет? Ги почитувам мислењата на сите, па и тие на тој Земан. Извинете, а каде игра тој Земан? Да го побарам на Гугл".
ГУГЛ 2 - 15 септември 2015 (Прес конференција пред Челси - Макаби)
„Ние уште сме шампиони на Англија, а јас уште сум Специјалниот и Среќниот. Ако се вратиме три месеци порано, бевме најдобра екипа во Англија, најдобар тренер бев јас и играчите беа најдобри. Кризата на трета година? Кликнете на Гугл наместо да поставувате глупави прашање и одете да видите што направив во третата година"
ИПСЕ ДИКСИТ - 3 октомври 2015 (Последните славни зборови на Мурињо, два ипол месеци пред отказот во Челси)
„Ако управата сака да ме улови, треба да ме улови, зашто јас не бегам. Да се освои титула сега е многу тешко затоа што разликата е голема, но сигурен сум дека ќе завршиме меѓу првите четири. Круцијален момент е во историјата на клубот, затоа што ако ме избркаат, ќе го избркаат најдобриот тренер што овој клуб го имал некогаш".