40 милиони фунти или околу 55 милиони евра би чинела оштетата која Роман Абрамович ќе треба да му ја исплати на Мурињо во случај на предвремен раскин на договорот, пренесува Дејли Мејл.
Португалецот минатата сезона го продолжи договорот со Челси на уште 4 години, а неговата плата изнесува 250.000 фунти неделно или околу 343.000 евра.
Ако ја прекинат соработката сега, тоа ќе значи повторување на 2007 година кога за прв пат Абрамович го отпушти Мурињо и му плати оштета од 16 милиони фунти плус подарок Ферари како благодарност за неговата работа.
Иднината на Мурињо кој по 16 кола во Премиер лигата има 9 порази и се наоѓа на 16-то место, веројатно ќе биде позната утре кога бордот на директори на Челси треба да одржи состанок. Составен е од петмина луѓе меѓу кои и Абрамович.
За неговото враќање во 2013-та гласањето беше 3:2, а неизвесно се очекува да биде и сега. Мурињо со Челси има 3 титули во Премиер лигата, 3 во Лига Купот и една во ФА купот.