Марек Хамшик изведе пенал за Наполи на гостувањето против Аталанта, топката удри во внатрешниот дел од стативата и потоа излезе, а целата ситуација беше експресно решена со помош на електронскиот уред кој решава дали топката ја минала гол линијата.
Зеленото светло се запали кај судијата Роки кој веднаш ги замолкна фудбалерите на Аталанта кои протестираа и им го покажа часовникот на кој пишуваше „гол“.
Со тоа словачкиот репрезентативец стана првиот кој постигна погодок со помош на гол технологијата во Серија А, која чекаше 17 кола да се реши еден спорен гол на ваков начин.
Гол технологијата се воведена на повеќе натпреварувања, како што Премиер лигата и Бундеслигата, а ФИФА дозволи да се користи и на Мундијалот во Бразил.