Стадионите Џузепе Меаца и Сантијано Бернабеу се крстени по легендите на Интер и Реал, а Арсенал игра на Емирати поради спонзорскиот договор кој го направи со авионската компанија. Исто постапи и еден шкотски второлигаш, но и не е баш исто.
Само што ќе го наречете тромав или глумец, напаѓачот на Жилина, Вилијам Алвес де Оливеира ќе ве демантира и ќе направи нешто необично за фудбалот кое тешко дека ќе се повтори на ист ваков начин.
Ѕвездата на Барселона и покрај тоа што е четири пати прогласуван за најдобар играч на планетата, тој до сега има промашено 23% од пеналите кои ги изведувал за својот тим. Малер му носи голот до северната трибина.
Челси е на 15-то место со 8 бода зад Сити и 6 зад Јунајтед, Јуве 13-ти со само една победа, а Севиља е на дното на табелата без ниту една победа. Изненадување на стартот е Абердин.
Конкуренцијата е израмнета до таа мера што навистина не знаеме кој најдобро глуми. Некој се фрла како риба на суво, а некој решил да се витка како куршум да го погодил. Воглавном сите прават будали од себе.
Судијата Бруно Мариќ од хрватскиот град Дарувар бил во полиција да даде изјава, откако на мобилниот постојано му стигнувале смртни закани по мечот Хајдук - Динамо З. каде свирна пенал за гостите во 93-та минута.
Вака гласеа дел од насловите во италијанските спортски весници кои излегоа на 5 септември 1994 година. Франческо Тоти на 17 години ја најави својата импресивна историја во Рим која брои над 1000 часа фудбал и јубилејни 300 голови во ист дрес. 17 тренери се сменија во неговата ера.
Тунелот кој води од соблекувалните до теренот на стадионот на Црвена звезда е кошмар за противничките екипи. Видеото е снимено пред почетокот на белградското дерби одиграно пред 10 дена.
Нигериецот Чума Анене до скоро беше еден од подобрите фудбалери по македонските ливади, а вчера го скроти големиот Зенит. По трансферот од Работнички во Амкар, Анене го постигна првиот гол во Русија против гигантот Зенит и тоа на дебито за новата екипа. Мечот заврши 1-1.
Фудбалерите на Наполи во четвртокот го совладаа Клуб Бриж 5:0 и тоа им беше највисока победа во Европа во клупската историја. Во неделата го победија Лацио 5:0 и на тој начин ја остварија најубедливата победа на еден тим во Серија А од 2007. година.
Не сме навикнати Златан да го гледаме како греши пред гол особено во ваква шанса кога имаше локум топка за водство на ПСЖ. Реимс поведе во 83-та, а Кавани израмни по една минута за конечни 1:1
Во деновите кога на стоперот на ПСВ Ајндховен, Хектор Морено му стигнуваат закани по живот поради бруталниот старт над Лук Шо, легендата на Јунајтед Рој Кин ги запрепасти навивачите на Манчестер со изјава за фаулот.
Тимот од Максимир го направи најголемото изненадување во првото коло од Лигата на шампионите, а најдобриот одговор на прашањето дали Арсенал го потцени Динамо лежи во коментарот на Месут Озил.
Во Реал Мадрид се креваат трофеи и се носат големи ѕвезди благодарение и на музејот, кој е меѓу главните извори на заработката со по неколку нули. Во музејот на Бернабеу, влезницата изнесува 19 евра, а за оној на Камп Ноу 23 евра.
Швеѓанецот вели дека дуелот Малме - ПСЖ ќе се расчуе во цел град, а сега сака да се осигура дека сите луѓе во неговиот роден град, ќе имаат можност да го гледаат.
Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карлос Дунга изјави дека играчите од сега па натаму ќе мора да си ги чуваат религиските убедувања за себе, а не цел свет да ги знае.