Фудбал

Дунга и религијата во Бразил

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карлос Дунга изјави дека играчите од сега па натаму ќе мора да си ги чуваат религиските убедувања за себе, а не цел свет да ги знае.

Сириецот Осама на прием во Реал Мадрид

Првиот човек на Кралевите го пречека бегалецот кој беше сопнат од унгарската репортерка и кој доби работа како тренер во Шпанија.

Пол неверојатен Гасол

Со Шпанија има 2 титули шампион на Европа, две сребра и една бронза. Освои злато на СП и две олимписки сребра. Вчера сам ја победи Франција со 40 поени, 11 скокови и 3 блокади и ја одведе Фуријата во финалето на Европското првенство.

Тричковски загуби со Легија во Данска, реми на Ливерпул

Молде го направи најголемото изненадување во првото коло на Лига Европа, откако со 1-2 го победи Фенербахче во Истанбул. Иван Тричковски одигра 20 минути за Легија Варшава во поразот од Митдјиланд

За ова ли платив 600 фунти?

Еден од навивачите на Арсенал кој допатувал во Загреб на мечот Динамо - Арсенал вели дека подобро да ги фрлел парите во вода, отколку што го гледал очајниот Арсенал кој загуби 2-1.

Лацио обвинет дека носи фашистички дресови

Римскиот клуб остро одговори на обвинувањата на францускиот Ле Монд, кој тврди дека дресовите на Лацио за новата сезона во Лига Европа имаат фашистичка конотација.

Бегалецот кој беше сопнат од репортерка ќе биде тренер во Шпанија

Откако големиот талент од Сирија го преживеа пеколот за да стигне на сигурно и да му се врати на фудбалот, уште еден сличен пример во бегалската криза е решен на таков начин.

Илчо е играч на натпреварот на дуелот претседатели vs секретари

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија е прогласен за „Man of the match" на дуелот меѓу претседателите и генералните секретари на земјите членки на УЕФА.

Последици од мерките за штедење на Меркел

Навивачите на Баерн Минхен ќе го паметат гостувањето во Пиреја по убедливата победа од 0-3, но и по бруталниот ќотек кој го добија од грчката полиција.

Како го бандажираа Хулк по бомбата против Валенсија

Сите тие видеа кои ги снимаа за да го прикажат моќниот шут на Хулк се сосема на место. Зенит вчера славеше на Местаља 2:3, а Хулк два пати ја заби во гол. Особено вториот кој беше како испукан од топ.

Првиот тренер со 50 порази во ЛШ

Топџиите ја играат дури 18-та сезона по ред во Лигата на шампионите, а нивниот тренер синоќа против Динамо Загреб го запиша 50-от пораз во елитното натпреварување со што стана негативен рекордер.

Шлаканица за Арсенал во Загреб, нерешено во Рим

Динамо Загреб со единствениот македонскиот претставник во ЛШ, Аријан Адеми го направи најголемото изненадување на вечерашните средби во елитното натпреварување. Челси и Баер Леверкузен беа убедливи пред своите навивачи, а Зенит и Баерн со полн плен на гости.

Флоренци ја изненади Барселона од пола терен

Фудбалерот од средниот ред на Рома го начека празен голот на Барселона и откако Тер Штеген излезе понапред од што треба, во 31 минута го израмни резултат против Барселона за ерупција од воодушевување на Олимпико во Рим. Голот за Барса го даде Нејмар 10 минути претходно.

Истуширај се пред да тргнеш на Селтик Парк

Управата на шкотскиот шампион Селтик решила да им излезе во пресрет на поединците кои се жалеле дека во ложата некои луѓе мирисаат толку непријатно, што фудбалот нема лезет.

На Барселона не ѝ лежи Рим, освен против Манчестер

Дербито на втората вечер од ЛШ ќе се игра на Олимпико во Рим, каде Рома ја пречекува Барса. Римјаните веруваат дека може да ја продолжат неуспешната серија на Каталонците, кои во Италија победија само еднаш на последните шест средби.

За голманските работи

И покрај тоа што паднаа 20 голови на 8 меча, главна улога на синоќешните мечеви од ЛШ имаа голманите Џанлуиџи Буфон, Џо Харт, Виланд од Малме и Акинфеев од ЦСКА Москва.

Љубовната афера на Венгер и Мурињо

Иако минатата сезона се фатија за врат покрај аут линијата на мечот Челси - Арсенал, Португалецот и Французинот имаат симпатии еден кон друг.

Уругваец од Малме не го знаел Златан

Во рамките на првата вечер од ЛШ, шведскиот Малме му гостуваше на ПСЖ и загуби со 2:0. Пред мечот гостинскиот тренер изјави дека фокусот не им бил само на Златан Ибрахимовиќ.

Бегалецот од Сирија на проба во Баер Леверкузен

Мохамед Џаду кој едвај преживеа за да стигне во земја каде што нема војна, упорно тренира за да стане идна ѕвезда во Бундес лигата. Талентот никој не му го спори, потребно е само да му извадат нови документи за да стави потпис во најелитната германска лига.

Сенегалски ножички со двојно проигрување

На нив во последно време е претплатен Пиниља кој објаснува како се прават, но често ги гледаме во разно разни првенства низ светот. Чиунг Диен од Нигерија на Африканските игри за играчи до 23 години ги постигна на свој начин, а жртва беше Конго.

Баварците им ја подадоа најдолгата рака на децата

Раководството на Баерн Минхен ќе отвори посебен камп за децата бегалци каде ќе тренираат, ќе посетуваат часови по германски и ќе добиваат бесплатни оброци. Клубот ќе донира 1,1 милион евра за овој проект кој го започна со нивното појавување на терен пред 75.000 навивачи кои аплаудираа.

Старата дама се прошета во Манчестер

Јувентус го совлада Манчестер Сити 1-2 на гостински терен и направи големо изненадување во првото коло од ЛШ. Реал убедлив против Шахтјор, Јунајтед поразен во Ајндховен, лесни победи на ПСЖ и Севиља.