Жорж Веа, напаѓач
Во ПСЖ од 1992 до 1995
Статистика: 96 меча, 32 гола
Главна ѕвезда на тимот кој без шеиците кај освои титулата во сезоната 1993/1994 кога Жорж даде 11 голови. Следната сезона Африканецот го освои францускиот Куп и Лига Куп со ПСЖ. Добитник на Златната топка, престижна награда која што ја доби во 1995. година. Со голем успех играше и во Милан каде што ја фасцинираше италијанската јавност. Уште се памети неговиот гол откако го претрча целиот терен од гол на гол.
Давид Жинола, напаѓач
Во ПСЖ од 1992 до 1995 година
Статистика: 115 меча, 33 гола
Многумина се сеќаваат на неговата реклама со познатиот шампон, но во средината на '90-те на Жинола не му сметаа комерцијалните обврски и се фокусираше на теренот. Во златната сезона 93/94 постигна 13 голови на 11 средби.
Во ПСЖ првпат после долги години го почуствуваа вкусот на конкуренцијата во Еврокуповите. Жинола подоцна се пресели во Англија. Кариерата во Париз на Жинола ја одбележа драмата во баражот за СП 1994 против Бугарија кога после неговото грешно додавање, Бугарите отворија контра и дадоа гол кој ги одведе на Мундијалот а Франција ја остави расплакана. Насловните страни пишуваа „Убиец на францускиот фудбал", „Криминалец", „Срами се".
Пол Ле Гвен, дефанзивец
Во ПСЖ од 1991 до 1998 година
Статистика: 248 меча, 16 гола
Последната година на Ле Гвен во ПСЖ беше шампионска. Тој три пати го крена пехарот во Купот и два пати во Лига Купот. Го освојуваше и два пати националниот Супер Куп а во 1996. година и Купот на Куп победници, и натаму единствена достојна европска награда во 45 годишната историја на клубот.
Во 1998. година Пол ја заврши кариерата во Париз. Се врати после девет години како тренер но за две години на клупата немаше некој посебен успех. Во секој случај многу ги задолжи навивачите затоа што во 1995. го постигна победничкиот гол против Стразбур во финалето на Купот.
Бернар Лама, голман
Во ПСЖ од 1992 до 1997 и од 1998 до 2000
Статистика: 286 меча
Црниот Пајак долго време го чуваше голот на ПСЖ. Првпат играше за Франција во 1993. година, а следната 94-та го прогласија за најдобар играч во Франција. Долги години беше репрезентативен голман додека Фабијан Бартез не го истисна од голот. Лама беше дел од селекцијата која го освои СП 1998 и ЕП 2000.
Јури Џоркаеф, полушпиц
Во ПСЖ од 1995 до 1996 година
Статистика: 43 меча, 17 голови
Ерменецот во ПСЖ играше една сезона, но доволно да освои трофеј. Во реваншот на полуфиналето на Купот на Купови против Депортиво, Јури ја обезбеди победата која што го однесе ПСЖ во бриселското финале каде ПСЖ го победи Рапид со минимален резултат. Четири голови даде Џоркаеф во евросезоната 95/96, а во Лига 1 на 35 меча даде 13 голови. Клубот мораше да го продаде во Интер поради финансиски проблеми.
Џеј-Џеј Окоча, полушпиц
Во ПСЖ од 1998 до 2002-ра
Статистика: 84 меча, 14 голови
Африканскиот волшебник и мастер на финтите дојде во ПСЖ од турското првенство каде за Фенербахче постигна 30 голови во 2 сезони. 17 милиони долари платија Парижаните за него што беше трансфер рекорд во Франција. Во Париз, Окоча мина четири години. Во првата сезона го освои Супер Купот, а три години подоцна Интертото Купот. Претседателот на клубот Шарл Бетри сомнително гледаше на играчот кој се луксузираше, а на теренот не пружаше максимум.
Окоча важеше за еден од најдобрите техничари во историјата на фудбалот, но и со него во тимот ПСЖ не успеа да освои ништо значајно.
„Да играше уште малку посериозно во Франција, Окоча ќе станеше најдобар играч на светот", изјави во една прилика Арсен Венгер, но Нигериецот остана само волшебник кој игра за триковите.
Роналдињо, полушпиц
Во ПСЖ од 2001 до 2003
Статистика: 55 средби, 17 гола
Бразилецот почна да ја освојува Европа преку Париз каде стигна во зимата 2001 година од Гремио. Полека се адаптираше во ПСЖ, даде гол на првите четири натпревари по ред, но не го покажа целиот талент.
Следната сезона ги купи навивачите со голот од слободен удар против Марсеј. Даваше голови против Монако, Рен, Ленс, Лориен и за две години се засити од Франција. Му се играше Лига на шампиони и тргна во Барселона.
Педро Паулета, напаѓач
Во ПСЖ од 2003 до 2008
Статистика: 168 меча, 109 голови
Омилен лик на Паркот на Принцовите. Со 124 голови Златан Ибрахимовиќ му го сруши рекордот на постигнати голови. Во тимот од престолнината, Педро го освои францускиот Куп во 2004 и 2006. Два пати беше најдобар стрелец во лигата (2005/2006 и 2006/2007).
Париз долго беше вљубен во Паулета и од таа причина навивачите бараа да му се даде позицијата тренер на младинците.
Жером Ротен, крило
Во ПСЖ од 2004 до 2010
Статистика: 139 меча, 10 голови
Левото крило дојде во ПСЖ веднаш по историското финале на ЛШ со Монако. „Светците" го донесоа за 11 милиони евра. Роден во Париз, Ротен никогаш не играл за ПСЖ. Секогаш бил ѕвезда на пристојно ниво во француското првенство, статус стекнат во тимови со скромни трофеи. Одличната левица никогаш не доби потврда на највисоко ниво. Во 2006. година Зидан го најави Ротен како негов наследник, но предвидувањата не се остварија.
Лудовик Жили, крило
Во ПСЖ од 2008 до 2011
Статистика: 100 меча, 16 голови
Во летото 2008. година, ПСЖ донесе двајца значајни ветерани - Клод Макелеле и Лудовик Жили. Тие играа до самото доаѓање на шеикот во 2011-та. На заоѓањето на кариерата двајцата беа заслужни за освојување на Купот во 2009/2010. Но судбината сакаше ПСЖ да добие арапски сопственици кои го сменија составот на клубот.