Рекордери по повреди во Премиер лигата

Од последните 1.121 ден Даниел Стариџ се повредил 18 пати и пропуштил 614 дена. Има и бетер од него.

Напаѓачот на Ливерпул го повредувал коленото, стапалото, мускулите, но најдолго морал да одмора поради повреда на колкот кој го оддалечил од терените 165 дена.

Во последните три години лидер по бројот на повреди во Премиер лигата е Џек Вилшер со 21, а најдолго бил отсутен фудбалер на Евертон Стивен Пјенар со 759 дена пауза.

Фудбалерот кој најдолго е отсутен од терените поради само една повреда е Либор Козак. Чешкиот напаѓач трета сезона е дел од Астон Вила, но нема заиграно од сезоната 2013/2014 и засега застана на 14 настапи во Премиер лига. Козак во континуитет го нема 494 дена.

29 јануари 2016 - 11:02