Сезоната не е ниту до пола, а Милан има сериозни проблеми со составот. Листата на повредени играчи е долга и загрижувачка, особено ако се знае дека скоро сите се првотимци. Распоредот е немилосрден, Милан почнувајќи од недела против Лацио на гости до нова година има дури 9 средби во Серија А и Лига Европа.