Матните игри со познатите играчи на Партизан

Сомнителните и контроверзните потези во македонскиот фудбал за купен натпревар или местенка за кладилница ги слушаме само во чаршија. Кај Србите се раскажува отворено и храбро од човек кој бил внатре. Тема се задкулисните игри во контроверзните трансфери на Митровиќ, Настасиќ, Марковиќ...

Алберт Наѓ роден во Земун кој има и унгарско потекло е поранешен репрезентативец на Југославија и Србија и Црна Гора во периодот меѓу 1994-та и 2006-та, како и поранешен играч на Партизан. Во таборот на Црно белите неполни три години работеше и како спортски директор.

Наѓ за српските медиуми зборува отворено со имиња и презимиња за релацијата клуб-менаџери, вклучувањето на трети страни во трансферите, заканите на татковците како и спорните продажби на играчите поради кои бил на сослушување во полиција.

За младиот Андрија Живковиќ

“Татко му изјави дека сме се тепале. Тоа не е точно, иако кога е во прашање Партизан би се тепал без штит со секого. Пред договорот за него за што се зборуваше на големо, добро е да знаете дека е дискутабилен, дури и погубен. Кога му заврши стажот како стипендист и стана професионален играч доби услови какви што немаа ни првотимци. Меѓу другото му дадоа годишна плата од 96.000 евра на 17 години. Јас не се сложував со тоа и никогаш во живот не би потпишал таков договор. Без оглед на тоа што тој е феноменален играч, тогаш беше на почеток и не требаше да се прекрши системот. Исто како што беше со Данило Пантиќ, кога имаше 16 години му направија договор од само година и пол. Каде го има тоа? Затоа не се појавив на неговата промоција“

„Другата грешка следеше следната година кога поголемиот дел од управата на Партизан, правата од договорот на Живковиќ ги продаде на инвестицискиот фонт на Пини Захави, еден од највлијателните агенти во светскиот фудбал. Тој договор е направен на штета на клубот. Да му се дадат 25% од следната продажба на татко му, тоа е премногу, особено што Предраг Ѓорѓевиќ кој се претставува како негов менаџер е вработен во истата агенција каде ги продадоа правата. Како после делат таму, тоа не ме интересира“.

Албер Наѓ и Андрија Живковиќ

Кој потпишува во име на Партизан?

„Дарко Грубор. Неговиот потпис е на сите документи, бидејќи како генерален секретар е овластено лице од клубот. Но јас би прашал: Ако малиот потоа си замине кој ќе го плати данокот, затоа што гледам дека за него нудат 10 милиони евра? Партизан или третата страна?“

Што би кажале за претседателот на Партизан Драган Ѓуриќ, бидејќи вака изгледа дека само Грубор е крив?

„Сме се среќавале многу пати на состаноци. Најмногу му замерувам што кога го избраа за претседател во декември 2009-та не го кажа долгот на Партизан. Претходното раководството не беше прво што се договараше со менаџери, агенции, инвестициски фондови...Тоа го имаше и порано во Партизан“.

Сакате да кажете дека Партизан е во канџите на менаџерите?

„Веројатно. Денеска и кокошките имаат менаџери. Тренерите во младите категории им се тресат на децата од страв, затоа што мавтаат со пари пред нив. Затоа што тато може да ја прескокне оградата и да му каже кој си ти да го вадиш син ми од игра? За жал и нашата младинска школа за која се фалиме толку има удел во оваа ситуација“.

Живковиќ и Пантиќ не се први, но дефинитивно се најлоши примери за штедни договори во Партизан. Но ако треба да ги рангираме по катастрофални последици тогаш веројатно трето место би бил Матеја Настасиќ.

„Дечкото ни замина, а не го облече црно-белиот дрес и тоа поради машина за перење. Ова е анегдота, но така е. Во неговото село во близина на Ваљево, се расипала машината за алишта. Секако дека Партизан требаше да купи нова и да и помогне на мајка му на Настасиќ, но не го стори тоа. За тоа се криви и луѓето во нашата младинска школа. Најпрво тренерите, тие треба да знаат какви проблеми имаат играчите. Тогаш на Настасиќ му пријде менаџер и му купи машина и не само тоа, туку тие останаа во контакт. Кога дојде време да се продава се заканија, пуштете го или ние пуштиме меница“.

Како потоа е продаден Настасиќ и дали е точно дека тогашниот капитен, вториот спортски директор Младен Крстајиќ рекол: Продајте го, од него никогаш нема да биде добар менаџер?

„Не знам за тоа, но знам дека на почеток на 2011-та ме повикаа на итен состанок на Управниот Одбор каде ми кажаа дека мораме да го продадеме Настасиќ, во спротивно неговите менаџери ќе ни пратат меница поради долгови. Се разбира дека не бев за тоа. Каков беше договорот сведочи податокот дека трансферот вреди 4 милиони евра, а Партизан го продаде за два милиони“.

Следен голем трансфер направен со голема мистерија е оној на Лазар Марковиќ во Бенфика.

„Од бизнис аспект, продажбата на Марковиќ беше одлична работа за клубот. Добивме 7 милиони евра и играч за уште една година. Но мене повеќе ме интересира случајот со брат му Филип. Најпрво потпиша договор со Партизан, па го раскина за да биде префрлен во Телеоптик и наеднаш го гледам како крева шал од Бенфика. Го поставувам прашање: Кој и зошто во Телеоптик се откажа од парите кои му следуваат на клубот како тренинг компензација. Кој луд би се откажа? А некој дал согласност“.

За заканите од таткото на Александар Митровиќ

„Не сакав да си оди Митровиќ по само една сезона бидејќи ни беше главен играч. Не поради пари, туку чисто спортски бидејќи ми рекоа да правам тим за Лига на шампиони. На функцијата спортски директор ме именуваа на 1 јуни 2013-та, а на 12 јули почнаа припреми. Значи и да сакав не можев да најдам решение. Тоа му го кажав на неговиот менаџер Ненад Јестровиќ кој следниот ден дојде да праша дали да го продава. Јас му кажав дека не го пуштам, а он ми го спомна претседателот, а на следниот состанок дојде со свој соработник и со татко му Ивица Митровиќ кој ме праша: Што е се плашиш дека ако си оди Александар ќе ја загубиш фотелјата? Му одговорив дека најдрага фотелја е онаа која ми ја подарија соиграчите на Чукарички на крајот од кариерата. После тие зборови го исфрлив од канцеларија“.

Притисоците за Митровиќ кој инаку од Партизан замина во Андерлехт, а потоа во Њукасл продолжија.

„По неколку дена ме посетија некои намрштени момци. Еден од нив се јави кај еден политичар, а јас пред нив се јавив кај истиот политичар. Потоа ми вели: Ај да бидеме сите добри. Веројатно сакаше да ме подмити. Никогаш не го дозволив тоа, имав своја плата и немам проблем да ја откријам, изнесуваше 5.000 евра, што е помалку од некои мои претходници, али ајде“.

Потоа што се случи со Митровиќ, кој даде одобрување да си оди?

„Драган Ѓуриќ и Дарко Грубор. Првиот се договори со Ненад Јестровиќ, а другиот потпиша. Така Аце во петок замина во Брисел за лекарски прегледи, во сабота се врати во Белград, а колку беше отсутен со паметот покажува детаљот што во недела на мечот против Раднички Ниш го заборави дресот. Што ќе ми таков играч, нека си оди“.

Средбите со полицијата.

„Ме викаа на сослушување неколку пати. Првиот пат поради трансферот на Лазар Марковиќ. Што им кажав не можам да зборам, но веројатно некои документи уште се проверуваат. Вториот пат бев после случувањата во канцеларијата на генералниот секретар Дарко Грубор, каде ни упаднаа некои навивачи кои ни пред тоа ни после тоа ги немам видено. Ми се закануваа и сето тоа го раскажав во полиција, каде ме прашаа дали ми е потребна заштита“.

Зошто Наѓ не кажал тогаш како стојат работите во Партизан и не се спротиставил на таквите трансфери?

„Можев да рипнам како канаринец на седниците на УО, но немаше да вреди. Одлуките беа донесени пред формалните состаноци. Таму се гласа, сите 12 луѓе креваат рака „за“ и што можам јас? Знаете како го донесоа Доминик Адиј? Му рекоа на Принц Тејго да потпише, само ако со него во пакет дојде и Адиј. Јас и Александар Станојевиќ не сакавме, но за да го смирам му реков: Потребен ни е Тејго, а овој малиот пушти на првиот меч да игра и ќе видат сите дека погрешиле. Седниците на УО ме потсеќаа на цртаниот фил „Бла бла бла. За тоа барав да воведат задолжително видео и аудио снимање, но не дозволија“.

По тие нецелосни години како функционер, по сето кажано за тој бурен период во кој бил спона или заштитен ѕид меѓу спортскиот сектор и управата, Албер Наѓ вели:

„Немам на кого да му се правдам, не сум крив за ништо. Ова е последен пат да зборувам за Партизан. Секако на навивачите на мојот тим им посакувам се најдобро, но од мене повеќе нема да слушнете никакви анализи. Ни за тоа што било, ни што ќе биде. Ова е вистината“.

Наѓ покрај тоа што во два наврати беше играч на Партизан чиј дрес го носеше вкупно 9 години, играше уште и за Реал Бетис, Реал Овиедо, Елче, Ростов од Русија и на крај во Чукарички.

28 јануари 2016 - 15:36