Фудбал

Камерунскиот змеј од Драгао

Да се игра шпиц во Порто е права чест во последните години, затоа што од таа позиција голманите ги матираа Хулк, Фалкао и Џексон Мартинез. Ловците од Драгао сега имаат нов капиталец - Венсан Абубакар.

15 секунди на Роналдо со голманите

Феноменот го испоштувавме за роденден, ама бидејќи страствено го гледавме фудбалот и во негово време, ќе уфрлиме уште едно многу кратко видео од неговите мајстории пред гол. 

Не играш за Лед Цепелин, во Манчестер си

Еден од најдобрите чешки фудбалери во историјата, Карел Поборски во 1996. година на своја кожа го почуствувал режимот на Сер Алекс Фергусон.

Голман, гледаш ли кај ја фрлаш?

Голманот на Некакса од Мексико, Хавиер Касо на мечот против второлигашот Закатепек уште еднаш ја потврди тезата дека за да бидеш голман треба да си навистина талентиран.

Како четвртолигаш му парира на премиерлигаш

Ливерпул во синоќешната трета рунда од Лига купот 47 пати шутираше кон голот на Карлајл, а од тие удари 18 беа упатени од шеснаесетник. Гостите имаа само 5 шута од кои само два во рамки на гол. Но тоа беше доволно да го стресат домаќинот и да му најават дека битката нема да заврши во 90 минути.

Фиорентина се грижи за италијанскиот фудбал

Фудбалскиот клуб од Фиренца на прав начин „се бори“ за промоцијата на домашни, млади таленти од сопствената школа. Синоќа против Џенова 10 од 11 во составот беа странци.

Нов кандидат за Барн Д'ор

Романецот Серџиу Бус од Шефилд Венздеј ја достави својата кандидатура за промашување на годината на мечот против Њукасл во Лига купот.

Голманот после ова треба да си оди дома

Рафаел Силва од бразилскиот второлигаш Макае, ќе има многу за објаснување кај тренерот и колегите после мечот со Ботафого.

Кој е Ентони Марсиал?

На четири натпревари даде четири гола што беше доволно навивачите на Манчестер Јунајтед да имаат нов миленик. По начинот на игра личи на Тиери Анри, а на 4 меча за Јунајтед даде исто голови колку Фалкао лани на 29.

Сите промашени пенали на Меси

„Фактот што промаши еден пенал не го прави помалку човек од друга планета. Даде два, намести уште еден и за мене и натаму е човек од друга планета“, симболично изјави Луис Енрике после мечот Барселона - Леванте (4-1), на кој Аргентинецот го промаши 17-от пенал во последните седум години.

Челси ќе игра против тим кој е изграден со неделната плата на Фалкао

Актуелниот шампион на Англија вечерва ќе гостува на стадионот Бескот кој собира 11.300 гледачи и ќе се сретне со клуб кој не купил поскап играч од 175.000 фунти во својата историја.

Брат чувај го гласот

Непосредно пред првиот роденден на Офф.нет.мк, истрчав во Офсајд со болна кичма, а чарето за да ми помине беше да се повлечам од играње фудбал кое важеше за мое омилено хоби, едно 20 и кусур години (за ова најмногу знаат другарите). На Whatsapp вчера ми стига порака од брат ми на тема фудбал на која вратив со 20 смајлови.

Топката е кај Левандовски, 150.000 лајкови за два часа

Напаѓачот на Баерн Минхен петтиот гол против Волфсбург го даде од неговиот десетти допир со топката. Марио Балотели толку голови не успеа да даде за цела сезона во Ливерпул, а во Шпанија пола лига нема дадено 5 гола во првите 4 кола.

Најголемите англиски дерби средби

Автентичниот англиски фудбал со полни стадиони и фантастична атмосфера последниве години го заменија арапските и руските милијардери, како и строгите закони и репресија над навивачите. Сепак, некои дерби дуели и натаму го чуваат она вистинското.

Како правилно се изговараат странците во Серија А

Ако се мачите како да ги изговорите Пољаците Jakub Błaszczykowski од Фиорентина и Wojciech Szczęsny од Рома ќе ви помогне видеово на Пипо, нашето пријателче со кое ја делиме страста за италијанскиот фудбал. Холанѓанецот од Лацио не се презива Де Вриј, туку Де Фрај. Ова може да биде и добар тренинг за сите коментатори кои кубурат со изговорот на странските фудбалери во Серија А.

Ева Карнеиро спрема тужба

Откако Мурињо ја отстрани привремено од екипата затоа што влезе на теренот да му пружи помош на Еден Азар против Свонси, Ева Карнеиро реши да го напушти и тужи Челси.

Левандовски испука петарда за 9 минути

Напаѓачот на Баерн Минхен вечерва испиша нова фудбалска историја со рекордни пет постигнати голови за само 9 минути на мечот против Волфсбург кој заврши 5:1. Гвардиола не можеше да поверува.

Кога маскотата ќе се степа со своите навивачи

При прославата на вториот гол на Ердинген, еден навивач му ја извадил главата на слончето маскота, по што човекот што ја носел го нападнал.

Страста на Јирген Клоп за Мајнц

Мајнц е првата тренерска љубов на Клоп, а ги водеше од 2001 до 2008 година. Ги однесе за прв пат во Бундеслигата и во квалификациите на Купот на УЕФА, а скорот му е 109 победи, 78 нерешени и 83 порази. На дуелот против Хофенхајм кој го доби Мајнц со 3:1, скокаше на сите голови.

Сеир на сметка на Јувентус

Загубија дома од Удинезе, па на гости од Рома, а потоа во трето коло ремизираа со Киево. Том им се искина од смеење кога виде каде се на табела.

Феноменот полни 39

На клупски план постигна 298 гола, а за Бразил на 98 настапи даде 62 гола. Од Меси и Кристијано, до Зидан и Златан, сите велат дека таков Феномен не се родил.

За 26 години, работев само со 4 играчи од светска класа

Поранешниот тренер на Јунатед вели дека во еден момент сакал да го ангажира Марио Балотели но сфатил колкав ризик е, а капак на сè било кога Мино Раиола стапил на сцена на првиот состанок.

Кога акцијата вреди повеќе од голот

На фудбалерите на Банфилд од Аргентина мора да им се даде некаква награда за голов, ама мора. Инаку стрелец на голот е Џовани, синот на Диего Симеоне кој има 20 години.