Зарате се врати во Италија и потсети на времето со Пандев
Аргентинскиот напаѓач стана миленик на навивачите на Лацио каде играше во тандем со Горан Пандев. Во зимскиот преоден рок Фиорентина го купи од Вест Хем, а тој уште на првиот настап ја затресе мрежата против Карпи и му донесе триумф на својот тим во 94-та минута.
Мајсторијата против Карпи ги потсети навивачите на Лацио на еден сличен гол кој го постигна во дербито против Рома уште во 4 минута, откако претходно Пандев на стартот со волеј удар го отвори резултатот.