По 8 месечна пауза поради повреда на коленото, Томаш Росицки влезе на саботниот дуел меѓу Арсенал и Барнли во ФА купот. Но играше само 20 минути и повторно доби нова повреда овој на бутот поради што ќе мора да пауза нови 6 недели.
Чешкиот репрезентативец до сега има настапувано за три екипи: Спарта Прага (1998-2001), Борусија Дортмунд (2001-2006) и Арсенал (2006-) и со сите има освоено по некој трофеј.
Но црна дамка за него во кариерата се повредите на сите делови од телото: колено, стапало, мускул, рака, нос, грб...
Росицки е член на Арсенал 10 сезони и од можни 380 меча има одиграно 170. Освен оваа сезона, без ниту еден настап беше и во сезоната 2008/2009. Некој му ги собрал сите повреди од стартот на кариерата како тинејџер во Спарта и нивната бројка изнесува 53.