Молдонадо е мало уругвајско гратче, оддалечено на 130 км до Монтевидо каде настапува второлигашот Депортиво Молдонадо. Клубот нема богата историја, слава и трофеи иако е формиран во 1928 година.
За него се слушна надалеку откако Блумберг направи истражување за тоа како е можно, клуб во втората лига во Уругвај на кој присуствуваат по 300 гледачи да прави милионски трансфери со фудбалери кои завршуваат во познати европските клубови.
Последен е случајот со Џонатан Калери од Бока Жуниорс кој во јануарскиот преоден рок се обидуваа да го купат Челси, Интер и Милан. Младиот напаѓач минатата сезона настапуваше за Бока, а сега е позајмен играч во Сантос. Најчудно е што овој голем талент игра позајмен во Бразил како член на Депортиво чиј дрес никогаш го нема облечено.
Тој е само еден од големиот број на примери чии права ги поседува трета страна (Third Party Ownership) која ФИФА ја забрани. Според истражувањето на Блумберг, преку малиот уругвајски клуб на ист начин се направени неколку трансфери.
Во 2011 година Марсело Естегарибија и Алекс Сандро се купени, свртени преку Депортиво, а потоа пратени на позајмица во Јувентус и Порто за профит од 10 милиони евра. Иван Пирис од Парагвај, Гуидо Карило од Аргентина и Дани Освалдо кој доби италијански пасош и заигра за нивната репрезентација се исто така дел од играчите кои фигурираат како членови Малдонадо, а никогаш не заиграле таму.
Зад овој клуб како претседател стои англискиот бизнисмен Малколм Кејн и неговиот сонародник и адвокат Грем Шер. Ротирањето за трансферите им е полесно во Уругвај бидејќи таму имаше даночно олеснување кај инвеститорите кои поседуваат права на фудбалери.
ФИФА ја следи оваа појава во фудбалот и пред две години им изрече парични казни на четири аргентински клубови поради продажба на 6 играчи од Јужна Америка чии трансфери биле незаконски.
„Јас не знам дали ФИФА има апетит да ги сопре ваквите трансфери, но ако ФБИ има тешкотии да ги прати парите, замислете колку е тешко за ФИФА“, вели Фернандо Собрал од Фудбалската федерација на Уругвај.
Кејн ги демантираше пишувања на Блумберг и изјави дека неговите намери во Депортиво вклучуваат инфраструктура, како и менаџерски, технички и медицински олеснувања за развојот на играчите.
Во обид да ги сопрат ваквите трансфери, владата на Уругвај го зголеми данокот за трансфери на фудбалери од 4 на 12,5%.
Слична приказна со кипарски клуб кој за трговија користи српски фудбалери.