Ждребот за Црно белите беше екстремно тежок за да можат да направат историски чекор плус и да се пласираат во втората фаза од Лигата на шампионите. Им паднаа Порто на Мурињо кој таа година стана Европски првак, потоа Олимпик Марсеј кој стигна до финале од Купот на УЕФА и Реал Мадрид кој во состав ги имаше Карлос, Зидан, Бекам, Фиго, Раул, Роналдо.
Партизан заврши последен во групата со три порази и три нерешени средби, а најдобро играше против Реал Мадрид. На Бернабеу загуби минимално со 1:0, а на домашен терен одигра 0:0 и пропушти и многу шанси за победа.
И покрај испуштената прилика да се победи шпанскиот великан, домаќините беа задоволни бидејќи сепак успеаа да останат непоразени и одлично да се носат против Кралскиот клуб.
Легендарниот Зидан беше посилен од своето его и се поздрави со фудбалерите на Партизан предводени од Лотар Матеус. Црно белиот дрес го имаат носено играчи како Стјепан Бобек, Матеја Кежман, Саво Милошевиќ, Пеџа Пијатовиќ, но не и некое светско фудбалско име.
Тоа го стори Зинедин Зидан по завршувањето на мечот во таа незаборавна ноемвриска ноќ за Белград.
Шансите на мечот