Жонатан Мекдоналд
Во декември минатата година, напаѓачот на костариканскиот Алахуеленсе во реванш мечот против Депортиво Саприса се изнервира и гаѓаше противнички играч со копачка. За тоа доби жолт картон.
Арда Туран
Минатата година во четвртфиналето на шпанскиот Куп настрада линискиот судија кој го игнорираше Арда Туран кој бараше фаул.
После го тролаа, а доби и торта со копачката:
Аркадиуш Милик
Неколку дена после Арда Туран, слично одигра и полскиот напаѓач од Ајакс, Аркадиуш Милик. На мечот од холандското првенство против Витесе, Милик го гаѓаше противничкиот дефанзивец Ден Мори и за тоа доби жолт картон.
Јоав Зив
За разлика од Арда Туран, играчот од средината на Макаби Тел Авив, го погоди линискиот судија со копачка на мечот против Стоук Сити во Лига Европа. И за разлика од Арда, доби директен црвен картон.
Алекс Фергусон
„Во моментот кога играч на Јунајтед мисли дека е поважен од тренерот, мора да замине. Штом тренерот ќе загуби нерви, играчот може да бара друг клуб", напиша Сер Алекс Фергусон во својата автобиографија кога го опиша настанот со Бекам.
Во 2003. година, Дејвид беше нападнат од сите страни, го критикуваа и соиграчите. После поразот во Купот на Англија од Арсенал, Бекс не се враќал одговорно во одбраната, за што Ферги му замерил во соблекувалната. Дејвид не се сложувал, по што Шкотланѓанецот шутнал една од многуте копачки на подот која што удрила во аркадата на Бекам.
Набрзо таа случка се појави и на квиз на кој учествуваа Руни, Фил Џонс и Сер Алекс Фергусон:
Тобиас Вернер
Во 2014. година, бекот на Аугзбург свесно или несвесно го погоди силно со копачка Кевин Де Брујне кој тогаш играше во Волфсбург. Белгиецот изреагира паметно, па судијата му покажа жолт на Вернер.
Брајт Дајк
Нигерискиот напаѓач во Торонто, во август 2014-та на мечот против Канзас Сити просто сакаше да даде гол по секоја цена, па макар и со копачката. И така наместо топката, неговата копачка влезе во голот. Подобро таму, отколку на трибините.