Во 70-та минута во ситуација кога Јуве губи 1:2 од Бенфика, Макс Алегри одлучи да извади напаѓач и тоа стрелецот на голот Милик и да го стави 21 годишниот Николо Фаџоли од среден ред кој патем нема заиграно во ЛШ. Камерите го уловија Ди Марија како се чуди поради измената, а одлуката на Алегри е топ тема во италијанскиот печат. Јувентус никогаш во историјата не стартувал во Лига на шампиони со два порази.