Мечот меѓу Лацио и Наполи беше прекинат на неколку минути откако судијата евидентираше расистички напади врз Калиду Кулибали од страна на домашните навивачи. Фудбалерот на Наполи не реагираше бурно, туку по крајот на мечот му го подари дресот на дете кое навива за Лацио.