Ако некој напаѓач во моментов е ултра брз и тежок за чување, тоа сигурно е Килијан Мбапе, ама па ако некој дефанзивец е ѕид тежок за поминување, тоа е Калиду Кулибали кој секој би го посакал во одбрана. Сенегалецот му покажа на најславниот тинејџер дека во Неапол не се минува така едноставно како што мисли.