Фудбал

Турција може директно на ЕП како најдобра трета

После најновите пресметки, репрезентацијата на Турција ќе обезбеди директен пласман во Франција како најдобра трета во случај да го победи Исланд, а Казахстан во истата група да ја победи Летонија на гости.

Историски пласман за Албанија, орден за играчите

Фудбалската репрезентација на Албанија пред шест години беше 90-та селекција на ранг листата на ФИФА, а изминатиов викенд еуфорично го прослави историскиот прв пласман на едно големо натпреварување.

Навивачки тоалет за навивачите на Ливерпул

Ако некој фан на Ливерпул се најде во Москва и му се оди по нужда, најпријатно ќе му биде во овој тоалет каде грми нивната омилена навивачка песна која е задолжителна на Енфилд Роуд.

Холандија со порака до браќата Исланѓани

Последен пат Холандија пропуштила едно Европско првенство во 1984 година, а вечерва на Лалињата им е денот Д затоа што мора да ја победат Чешка и да се надеваат дека Исланд кој е квалификуван на ЕП, ќе ја победи Турција на гости.

22 години од носталгијата по Панчев, Најдоски и Чоко

Денешниот датум требаше да биде почеток на една успешна фудбалска приказна која ќе кулминира со пласман на едно Европско првенство, на кое се израдуваа сите наши соседи. Но се претвори во фудбалски кошмар составен со порази од Андора и Луксембург.

Заврши измачувањето наречено „Квалификации на Македонија за ЕП“

Пред околу 1.000 гледачи на арената во Борисов, Македонија и Белорусија одиграа досадни 90 минути без голови во меч без никакво значење. Нашите дрва останаа закопани на дното на табелата со 4 бода, исто колку што има и Луксембург.

Србија смени четири капитени за осум минути

На дуелот Србија - Португалија од квалификациската група И за пласман на ЕП 2016 се случи несекојдневен момент кој веројатно ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Што ќе ти е пиротехника, кога поминува воз

На фудбалските терени, особено во пониските лиги имало кокошки, кучиња, мачки и птици, но никогаш не сме виделе воз. Во местото Черни Балог во Словачка, воз поминува покрај аут линијата.

Албанија ја купила победата против Ерменија за 2 милиони евра?

Албанскиот портал Опозита пишува дека голманот и тројца дефанзивци на Ерменија добиле по 500.000 евра за да им пуштат на Албанците кои славеа 0-3 во Ереван.

Украина за директен пласман против Шпанија, Русија чекира против Црна Гора

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45, во директен дуел со Белорусија во Минск ќе се обиде да го избегне дното во групата Ц. Во исто време, Украина мора да победи за да оди на ЕП како најдобра трета.

Шкотска загуби два бода со Полска поради селфи на сред терен

Шкотска водеше 2-1 против Полска која израмни преку Левандовски во дополнителното продолжение, поради тоа што навивач влезе на терен да направи селфи со Роберт Левандовски кој им даде два гола.

Прв ден во Ливерпул и Клоп веќе прави шоу

Германскиот комедијант Матце Кноп реши да го одглуми Јирген Клоп, кој на навивачите на Ливерпул им се претставува буквално на сред улица каде поминуваа коли и камиони.

И Украина ги собра бодовите на Филип Втори

Македонските фудбалери ниту на третиот натпревар по ред не дадоа гол и сега 270 минути не знаат како е да се затресе противничката мрежа. Украина вечерва рутински славеше 0-2 за седми пораз на Македонија во тековните срамни квалификации.

Новинарите прават гужва на Филип Втори

Во ситуација кога Македонија тоне од квалификации во квалификации, се наоѓа на последното место во групата за ЕП 2016 со седум порази (вечерва осмиот) и само една победа остварена во 92-та минута против Луксембург, а неодамна падна на 132-то место на ранг листата на ФИФА, на стадион има помалку публика од турнир во мал фудбал во Дељадровце. Ако режисерот од тв преносот сака да покаже гужва, нека ја сврти камерата спрема новинарската ложа. Само ние останавме.

Фудбалскиот натпревар кој траеше 3 секунди

Не се работи за прекин поради инцидент или проблем со струјата, туку мечот едноставно не можеше да се игра бидејќи тимот кој се појави немаше противник.

Тери и Ешли Кол за 10 години

Претпоставка, како би изгледале некогашните соиграчи од Челси и англиската репрезентација за 10 години.

Голот на Ирците од навивачки агол и со германски коментатор

Северна Ирска избори прво учество на Европските првенства, a блиску до трет пласман е и Република Ирска која синоќа со голот на Шон Лонг го изненади Светскиот првак Германија. По победата против Холандија во 2001 година, Ирците немаа победа против екипа од врвот на ранг листата на ФИФА:

Еден е Азар

Белгискиот репрезентативец се вклопи во фудбалското сивило на Челси, но затоа и натаму маестрално игра за репрезентацијата која е на чекор од пласман на ЕП 2016.

Северна Ирска првпат се пласираше на Европско првенство

Северна Ирска ја победи Грција 3-1 и со 20 освоени бодови на 9 натпревари и теоретски се пласираше на првиот голем турнир после цели 30 години.

Албанија – Србија во Њујорк чинеше 200.000 долари

Албанците во дијаспората го најавуваа како меч на деценијата, а најмногу се организираа во Њујорк и го гледаа на отворено на видео бим.

Зошто Јирген Клоп е посебен?

Откако утрово и официјално стана најскапиот тренер во историјата на Ливерпул, решивме да се потсетиме на легендарните изјави на харизматичниот Германец кој со раширени раце го пречекаа на Енфилд Роуд.

Победникот на мечот Албанија - Србија

И покрај сè што го следеше квалификацискиот дуел за ЕП 2016, старите добри романтичари остануваат доследни и верни.