Ги очекуваше тие свирежи?
Ништо не очекував, не се прашав како ќе биде. Не бев на Сан Сиро за да видам што ќе се случи со навивачите, туку затоа што ми се одеше.
Се каеш?
Не, зошто? Бев во Милано 4 дена и постојано се фотографирав со навивачи и давав автограми. Не знаете колку луѓе ме застанаа. Тие што ме исвиркаа во саботата беа малкумина. Не можам да се докажувам со луѓе кои не ја знаат вистината или се прават дека не ја знаат.
Која е вистината?
Во 2007 година сакав да се вратам во Интер и тоа му го кажав на Бранка. Ми рече дека треба да зборува со Морати, ме држеа во неизвесност една недела бидејќи моето враќање зависеше од заминувањето на Адријано. На крај го одбраа него.
И ти го избра Милан.
Не можев да останам повеќе во Мадрид. Милано од секогаш ми е во срцето, многу ми се допаѓа. Милан сакаше да ме купи со сите сили, а тоа што ме одбија во Интер ме повреди. Како пет години претходно кога потоа отидов во Мадрид.
На ручекот со Морати си се извинивте ли за тој развој на настани?
На тој ручек имаше две жешки теми: Купер и голот што го постигнав на миланското дерби против Интер.
Сега од оваа временска дистанца, кој погреши повеќе?
Секој смета дека има право и на крајот на краиштата ги разбирам причините на Морати. Затоа на крајот добро е човек да си прости. Јас силно верував дека ќе се вратам во Интер, мислев дека мене ќе бе избере пред Купер, но Купер беше посилен.
Во претходните години, секогаш велеше дека во твоето срце Интер има поважно место, отколку Милан.
Во мојата кариера имаше три најважни екипи: Коринтијас, Интер и Реал Мадрид. Се работи за неверојатни односи, повеќе од колку резултати.
Што се однесува до посебни однеси, како ти изгледа Морати?
Ми изгледа дека денес конечно се чувствува повеќе навивач, отколку газда. Велам конечно бидејќи тој сакаа да живее со Интер.
Тохир рече дека еден ден се надева дека ќе те има како амбсадор на Интер, може да се оствари тоа?
За работи за муабет кој само што е започнат. Треба да се зборува за многу работи, да разговараме што би можел да направам за Интер бидејќи идејата амбасадор ми изгледа малку апстрактна. Јас од секогаш бев амбасадор на Интер, еве и овие денови сум без никаков договор.
Кој ве импресионираше од Интер на мечот против Сампдорија?
Четворица играчи: Миранда, Бијабијани, Едер и Икарди. По мечот зборував малку со Миранда, ме освои како личност, мислам дека е важен за клубот. Бијабијани малку ме потсетува на Мориеро, но е побрз. А за во напад мислам дека Едер е идеален партнер за Икарди кој покажа дека знае како во напад. Работи многу и за него и за тимот.
Кој ќе освои Скудето?
Би сакал да кажам Интер, но како стојат работите гледам дека полесно е да се прогнозира дека ќе одат во квалификации за Лига на шампиони?
Меѓу Наполи и Јуве?
Наполи. Според вас мислите ли дека би рекол Јуве?