„Chiamatemi bomber“ (Викајте ме бомбардер) е биографијата на Виери која излезе пред три месеци. Содржи многу случки и пикантерии од кариерата на славниот напаѓач кој го раскажува тажниот момент и причините за заминувањето на неговиот близок другар во Милано.
„Една ноќ во јули месец, во 3 и пол по полноќ бев излезен и во џеб ми вибрираше телефонот“.
Масимо Морати: Здраво Бобо, слушај до мене е Марко Тронкети.
Бобо Виери: Претседателе немој да ми кажете дека е нешто со Роналдо.
М.М: Бобо, сака да си оди.
Б.В: Немојте, не смееме да го продадеме. Така се ќе отиде во вода.
М.М: Има проблеми, со Купер не се сложуваат баш. Сака да си оди Бобо, тоа е.
Б.В: Проблемите се решаваат.
М.М: Сака да смени
Б.В: Да не правиме вакви глупости. Баш сега му оди добро. Го гледавте како играше на Светско? Немојте претседателе, нема да ни оди после, навивачите ќе збеснат и ќе викаат по вас. Тогаш продадете ме и мене, што ако останам кога нема ништо да освојам.
М.М: Не Бобо ти нема да си одиш, ти си им идол на навивачите, јас и ти против сите. Ќе видиш дека ќе направиме голем тим.
„Тие зборови ме погодија многу. Морати беше искрен, направи да се чувствувам важен и ми даде сила за да гледам позитивно во иднина. Но бев тажен бидејќи со Роналдо бевме преблиски, ме сметаше за постар брат. Кога му се случи тоа со коленото одев често да го посетувам. По една операција беше во солзи и ми рече:
„Бобо нема да се вратам повеќе на терен, така се чувствувам“.
„Рони, ќе се вратиш и тоа посилен од претходно. Ќе играш и ќе направиш големи успеси“.
„Никогаш не ги заборави моите посети и тоа ми го покажа повеќе пати. На пример во 2001 година во Пјаченца ни свирнаа пенал во последните минути, а го фаулираа „Феноменот“. Ја земав топката и му ја дадов бидејќи тој беше пеналџија. Шутирај ти ми рече, за да станеш најдобар стрелец. Знаеше дека се борам на листата на стрелци и со тој гест ми покажа дека е со мене. Мојата радост беше и негова. Или па кога бев дома кај него ја земав во раце „Златната топка“ 1997-ма. Ми рече твоја е Бобо. Не прифатив, но сигурен сум дека би ми ја дал навистина“
„Кога си замина се борев многу за да се убедам дека имам иднина во Интер. Роналдо никогаш не го вареше Купер. Рони беше малку мрзлив и кога требаше да се трча на тренинг полудуваше. Тоа на Купер не му се допаѓаше, за него сите бевме исти и Роналдо требаше да се прилагоди. Јас имав голема почит спрема Купер, но постојат играчи на кои не треба да им кажеш ништо. Роналдо беше таков пример. Ние имавме потреба од тренирање, тој не, тој беше фудбалот, беше „марсовец“, беше „Феномен“.