- На 29 август 1996 година, само еден ден по празникот Успение на Пресвета Богородица, манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ кај Берово стана место на една од најтрагичните несреќи поврзани со голем православен црковно-народен собир во Македонија.
- Девет лица загинаа, а повеќе од 50 беа повредени кога во манастирскиот простор удрија громови. Илјадници верници кои дошле на празничниот собир, во само неколку минути се најдоа во хаос, паника и борба за живот.
- Празникот се слави на 28 август. Се паѓало среда, според црковните правила посен ден. Но, поради традицијата да се има курбан за ручек тој ден, кој се приготвувал со мрсна храна, традиционалниот народен ручек, а со тоа и прославата на празникот бил поместен за 29 август, кога можело да се јаде мрсно.
- Токму оваа одлука, по трагедијата, ќе стане центар на едно од најпознатите верувања поврзани со несреќата, дека се работи за божја казна.
- Ама, реалнo, каде да удри гром од небото ако долу на земјата има триесетина огромни бакарни казани со храна?
- Украина ненајавено остана без целосен пристап до интернет-услугата Starlink на Илон Маск, што ѝ ги блокираше операциите на бојното поле против руските трупи.
- „SpaceX, компанијата која го управува со Starlink, поставила ограничување на брзината на терминалите во Украина кога дроновите управувани од системот надминувале брзина од 100 милји на час“, изјави Серхиј Бескрестнов, советник во претседателот Зеленски.
- Бекстренов оцени дека компанијата на Маск веројатно дејствувала по барање од претседателот Трамп, кој во саботата го зголеми притисокот врз Зеленски и побара да престане да ги напаѓа руските рафинерии за нафта.
- Маск на својот профил на Икс коментираше: „Зеленски отиде предалеку“.
- Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека бегството на Ива Михајлова во соседна Бугарија е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум во Македонија, кој, по проверката на нејзините наводи, вели, ќе утврдеше дека таму нема здравствен случај.
- „Бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум тука. Тој требаше заедно со македонските лекари да ги провери наводите на лицето. Мислам дека тогаш ќе излезеа работите на виделина какви се. Јас патувам во Софија, ќе разговарам секако со нивното Министерство за тоа бидејќи во основа таму нема здравствен случај“, вели Клековски.
- Татко ѝ Симеон Михајлов исто така има избегано во Бугарија по пресудата од 12,5 години затвор за случајот „Детонатор“. Во моментот македонските власти имаат распишано меѓународни потерници и по Ива Михајлова и по Симеон Михајлов.