Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Србија до Газа

28 август 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Од почетокот на војната и уништувањето на Газа, извозот на српска муниција за Израел се зголемил за 42 пати и на почетокот на оваа година достигнал вредност од 133 милиони долари.
  • Наспроти изјавите на Александар Вучиќ од ланскиот јуни дека Србија го стопира сиот воен извоз, само во првите два месеца од 2026, биле организирани 14 карго летови за Израел.
  • Двонасочна е таа соработка. Израелскиот Елбит Системи на Србија ѝ продаде современи артилериски системи, дронови и опрема во вредност од 335 милиони долари.  
извор

Хуанг замина од Nvidia, Вол Стрит очекува да пукне балонот на ВИ

12 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Џенсен Хуанг поднесе оставка од функцијата извршен директор на Nvidia, откако призна дека имал љубовни афери со осомничена кинеска шпионка и со соработничка од фирмата.
  • Управниот одбор на Nvidia соопшти дека нема да има прекини во развојните планови и обврските кон клиентите. За привремен управник на компанијата е назначена Колет Крес, долгогодишна финансиска директорка.
  • Аналитичари од Вол стрит предупредуваат дека заминувањето на директорот на најголемиот производител на чипови и воедно највредната компанија во светот може да биде првиот чин од очекуваното пукање на финансискиот балон надуен околу технологијата за вештачка интелигенција.
  • По објавувањето на аферата на Хуанг со кинеската шпионка, Nvidia за само две недели изгуби пазарна капитализација во вредност од околу 1.400 милијарди долари.
  • „Без Хуанг на челото, вредноста на Nvidia е помала за 25%“, изјави Ден Ајвс, еден од највлијателните аналитичари на Вол стрит.
  • Поради својата големина, падот на Nvidia се одразува на сите главни индексни фондови, што има огромни последици на сите Американци што штедат преку инвестиции на берзите.
извор

Потопен историскиот брод „SS United States“, ќе биде најголем вештачки гребен

12 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Прекуокеанскиот брод „SS United States“, своевремено најбрзиот патнички брод што го препловил Атлантикот, контролирано е спуштен на дното на Мексиканскиот Залив.
  • Бродот поголем од „Титаник“, кој 800 пати го преминал океанот, ќе биде најголемиот вештачки гребен во светот. Целта е да се создаде живеалиште за туни, марлини и сабјарки и да се привлечат повеќе нуркачи и љубители на риболов. 
  • Потопувањето траело 5 часа, значително подолго од очекуваните 45 минути. Со вода биле наполнети сите 128 резервоари за гориво и мазива, за да се спушти рамномерно на морското дно, на длабочина од 55 метри.
  • Проектот да се спречи бродот да заврши како старо железо чинеше 13,5 милиони долари.
  • „SS United States“ долг 302 метри беше технолошко чудо на бродоградителите од Вирџинија. На првата пловидба во 1952 година, го поминал Атлантикот со просечна брзина од 41 милја на час (66 км/ч), со што за 4,5 милји на час го надминал рекордот поставен од британскиот „RMS Queen Mary“ во 1938 година.
  • Двата црвено-бело-сини оџаци на „SS United States“ високи 20 метри лани беа внимателно отстранети и ќе бидат изложени во нов музеј на копно.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Музата (Марика-Мара-Мариче) го бара својот поет (Блажо)

Македонштина
2

Одамна не сме имале ЈАК виц

Македонштина
3

Не се закачајте со Гоца

Балканштина
4

Гардист го „построи“ Хегсет пред Гробот на незнајниот јунак

5

Потопување Мисици

Балканштина
6

Хуанг замина од Nvidia, Вол Стрит очекува да пукне балонот на ВИ

7

Реакции во Германија по прослава на голoви на германски репрезентативец

Фудбал
8

Како албанските дилери ја побелеа Англија

Разно
1

Гардист го „построи“ Хегсет пред Гробот на незнајниот јунак

2

Хуанг замина од Nvidia, Вол Стрит очекува да пукне балонот на ВИ

3

Како албанските дилери ја побелеа Англија

Разно
4

Фирми без вработени и газди со политички врски должат 224 милиони евра за данок и придонеси

5

Љубовта на Берлин и Јурасика Парка

Разно
6

Соседите одбиваат да му ја затворат задната порта на Иран

Свет
7

Потопен историскиот брод „SS United States“, ќе биде најголем вештачки гребен

8

Сибирски шаман ќе жртвува 60 камили за победа на Путин

Занимливости
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Потопување Мисици

Балканштина

Не се закачајте со Гоца

Македонштина

Одамна не сме имале ЈАК виц

Македонштина

Музата (Марика-Мара-Мариче) го бара својот поет (Блажо)

Балканштина

Побарано - добиено

Балканштина

Запознајте ја компанијата од која боли глава

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Извини, ама "селфи" не е уметност

Одберете си пропаганда по мерка

Можеби ќе се сетите

Куме бре?!

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy