Германскиот арбитар Феликс Цвајер направи еден потег кој веројатно прв пат се случува во Бундеслигата. На мечот меѓу Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд 0:1, гостите победија благодарение на голот од слободен удар на Обамејанг. Домаќините протестираа и бараа прекршок за нив во истата акција, а судијата му покажа црвен картон на Роџер Шмид.
Тренерот на Баер не сакаше да го напушти теренот и знаете што се случи? Тоа го стори судијата. По десетина минути тој се врати на терен и го доврши натпреварот.
Во подтрибинските простории се појави спортскиот директор на Баер, Руди Фелер кој го убеди Цвајер да се врати на терен.
Тренерот на домаќините објасни зошто не сакал да го прифати црвениот картон.
„Не сум баш добар во толкување гестови и сакав да знам зошто ме избрка. Се обидов да зборувам со него за да ми даде објаснување, но тоа не се случи“, вели Шмид.
Судијата Цвајер инсистирал пораката до тренерот да ја испрати преку капитенот Кислинг, а според објаснувањето на поранешниот судија Џејмс Торгуд тоа било правилно.
„Првиот човек со кого треба да разговара судијата е капитенот. Тој е оној на кој треба да му прати порака дека тренерот добива црвен картон. Откако Шмид ја игнорираше пораката, Цвајер имаше потполно право да го прекине мечот“, објаснува судијата Торгуд кој судел во Бундеслигата.
Епизода број два Турција и Галатасарај за кој кладилничарите ќе речат дека редовно ја дава кец у два. Трабзонспор на полувреме водеше 0:1 од пенал, Подолски израмни во 64 минута на 1:1, а Инан од пенал направи целосен пресврт. Од 59 минута до 87-ма судијата избрка четворица гостински играчи.
Прв доби црвен картон Хурмаци, Демир па Каванда, па Салих Дурсун се налути му го украде судијата црвениот картон и му го покажа за и тој да оди порано во соблекувална. За потегот се разбира и тој доби црвен.
Во третиот случај нема некоја драма, туку има нерегуларен гол и тоа за Реал Мадрид кој викендов одигра 1:1 на гостувањето против Малага и ни донесе многу малери. Ова е позицијата на Роналдо при постигнувањето на голот.