Робин ван Перси во 56 минута при резултат 1:1 доби прецизна долга топка, ја прими и ја смести во гол, а судијата свирна офсајд. Напаѓачот на Арсенал доби втор жолт картон само затоа што ја шутна откако судијата веќе ја прекина акцијата, а Ван Перси не можеше да верува во строгата одлука. Новинарот го праша: Ако ви кажам дека помина само една секунда меѓу свирежот на судијата и вашиот шут, што ќе кажете на тоа?
„Уште полошо, Можам да го разберам судијата ако од неговиот свиреж до мојот удар поминале 4, 5 или 6 секунди, но една секунда од свирењето до мојот шут, тоа е шега. Не знам зошто тој е тука вечерва, ова мислам дека е шега. Се обидов да му објаснам дека 95.000 навивачи скокаат на стадион и како јас да го чувам свирчето? Втор жолт за ова? Ова е неверојатно. Мое мислење е дека судијата го уби мечот“