Опасните и надежните бројки за Арсенал против Барселона

Има една лоша традиција на Каталонците поврзана со Лондон која домашните навивачи на Емирати се надеваат дека ќе продолжи и вечерва. Инаку триото на Барселона има дадено 20 голови повеќе од целиот тим на Арсенал.

32 – Натпревари е Барселона без пораз, а Арсенал има 8 порази на последните 32 меча.

98 – Тоа е бројот на голови кои Каталонците ги постигнале во победничката серија од 32 меча или во просек повеќе од 3 гола по натпревар.

75 – Голови постигнаа Меси (21), Нејмар (19) и Суарез (35), 20 повеќе од Арсенал (55) на последните 32 меча.

2.340 – Минути Барселона е непобедлива. Суарез ги одиграл сите 2.340 минути за време на победничката серија која им почна на 17 октомври. Уште тројца играчи на Барса (Нејмар, Ракитиќ и Алвеш) имаат одиграно повеќе од 2.000 минути.

9 – Венгер се сретнал 9 пати со Барселона, два пати како тренер на Монако и седум пати како тренер на Арсенал. Има само една победа, потоа две нерешени и шест порази.

На што може да се надеваат во Арсенал.

10 – Тоа е бројот на години откако Барселона нема победа во Лондон во Лигата на шампионите. Последен пат го победија Челси на Стемфорд Бриџ во февруари 2006 година.

0 – Немаа победа против Арсенал на Емирати во ова натпреварување. Во 2010-та ремизираа 2:2, а истата година загубија 2:1.

Типувај ја во Специјалната Супер сингл понуда на Типстер.

23 февруари 2016 - 14:27