11 хирови на Тоти

Егоизмот на генијалниот капитен

Конфликтот со Спалети не е ниту прв ниту последен во кариерата на Франческо Тоти. Во своето минато имаше неколку епизоди кои го покажаа неговиот незгоден карактер, така својствен за големите играчи.

1996. година Тоти против Карлос Бјанки
 
Во ’96-та година кога Франческо имал 20 години, неговиот карактер ретко кој можел да го скроти, па така ниту тренерот на Рома легендарниот Карлос Бјанки. „Мрази Римјани, дури и така ги дели играчите на овој принцип“, изјави отворено Тоти за Аргентинецот кој веднаш сакал да се ослободи од него за да го донесе Финецот Јари Литманен. Сампдорија била близу потписот на Тоти, како и Каљари каде тренер бил Карло Мацоне.
 
Сепак на еден турнир Трофеочита ди Рома, каде учествувале Ајакс и Борусија Менхенгладбах, Тоти правел чуда со топката по што претседателот Франко Сенси не сакал да го дава никаде.
 
2002. година Тоти против Галатасарај
 
Во пролетта 2002-ра во рамките на ЛШ Рома го пречека Галатасарај. После судиската свирка за крај започна голема тепачка во која учествуваа многу фудбалери од двата тима, а која што ја испровоцираа Тоти и Франсиско Лима.
 
Неколку турски фудбалери беа повредени од ударите на играчите на Рома, целиот метеж го смири Мирчеа Луческу тогаш тренер на Галатасарај. Мечот заврши 1:1 а Тоти доби суспензија од 3 натпревари. 

2002. година Тоти против шкафот во соблекувалната
 
Оваа година репрезентацијата на Италија во 105-та минута по голема судиска неправда испадна од домаќинот Јужна Кореја на СП (Корејците пројдоа со златен гол). Тоти бил бесен на еквадорскиот судија Бајрон Морено:
 
„Знаев пред мечот дека ќе свири против нас. Не може да биде судија со 20 кила повеќе на него. Тоа е скандалозно. Не прашувајте ме зошто ова се случува на СП“, изјавил Тоти после што го искршил шкафот во соблекувалната на Италија и направил голема штета.
 
2004. година Тоти против Кристијан Пулсен
 
Главниот скандал во кариерата на Императорот се случи пред 12 години на Европското првенство. На мечот Италија - Данска, Тоти на очиглед на целата јавност без пардон го плукна Пулсен во лицето. Судијата не забележа, Данците се жалеа после мечот а Тоти доби суспензија од три меча. Четири години подоцна кога Данецот се пресели во Јувентус, Тоти изјави дека е многу доцна сега да му се извинува.
 

2004. година Тоти против Андерс Фриск

Во септември 2004-та на дуелот Рома - Динамо Киев, Џалоросите се жалеа на судијата Фриск. Тоти изјави дека Фриск го игнорирал секој фаул над  него.
 
Кога Динамо поведе, Олимпико вриеше како во котел. Судијата го исклучи Мексес на крајот од првото полувреме и тогаш Тоти му се пушти на судијата кој го исклучи и него. Една монета од трибините го погоди Фриск во глава и буквално го зашемети на земја. Мечот се прекина а неколку дена подоцна УЕФА му додели службена победа на Динамо.
 
2005. година Тоти против Олимписките игри
 
Пред 11 години пред стартот на ЗОИ во Торино, Франческо Тоти и Паоло Ди Канио беа предложени за факелоносци. Двата лидери на омразените клубови беа должни да го носат оганот заедно, но Тоти откажа затоа што не сакал да има ништо со Ди Канио.
 

2007. година Тоти против најдобриот другар

Пред 9 години Рома играше против Ливорно а Тоти се спречка со бекот на Комунистите, Фабио Галанте. Незадоволен од ударот со лакт во лцието, Тоти му се сипа на Галанте го удри и доби црвен картон.

Тогаш неговиот најдобар пријател и личен физиотерапевт Вито Скала сакаше да го испрати до соблекувалната, но Тоти го турна и Вито падна на земја. Капитенот не го ниту погледна пријателот од детството.

2008. година Тоти против Никола Рицоли

Во 2008-ма, Тоти имаше жустра расправија со уште еден судија. На средбата против Удинезе, Франческо од фаул намерно ја шутнал топката кон судијата и го навредувал. За возврат доби опомена, а подоцна италијанската фудбалска федерација го казни напаѓачот со 1.000 евра.

2010. година Тоти против Марио Балотели

Пред 6 години во дербито против Интер, капитенот на Рома по којзнае кој пат ја покажа својата мрачна страна. Се играше финале на Купот на Италија, Интер водеше 0:1 на Олимпико кога Тоти со цела сила во '87-та минута го шутираше Марио Балотели по Ахиловата пета. Својата постапка после мечот ја правдаше со зборовите дека Марио го навредувал.

„Ќе продолжиш да играш или ќе се однесуваш како дете", му рекол Тоти а имало и некои расистички навреди, призна Балотели. Играчот на Интер изјави и дека повеќе го болело тоа што се работи за легендата на Рома отколку ударите во петата.

2010. година Тоти против Руди Гарсија

Францускиот стручњак го извади Тоти на натпреварот против Интер во 70-та минута, а Тоти вербално го нападнал Руди Гарсија кој не останал нем на тоа и избил конфликт. Капитенот подоцна признал дека не е во негов манир така да се однесува и се извинил пред Гарсија и играчите.

2014. година Тоти против Сејду Кеита

Играа Рома и Џенова кога „Принцот на Рим" влегуваше во игра во ’70-та минута на место Адем Љајиќ. Кеита тогаш дотрча до аут линијата за да му ја даде капитенската лента на Тоти, но овој го одби неколку пати. После мечот изјави дека тој имал лично своја лента со неговото име на неа и не сакал други.

Императорот го следи митот дека имал уличен речник, поради што бекот на Лацио Паоло Негро на едно дерби му викаше Parla italiano (зборувај италијански).