Фудбал

Доказ од 30 секунди дека фали во ЛШ

Рајо Ваљакано во Ла Лига го реши Нејмар, а БАТЕ Борисов во Лига на шампионите, Ракитиќ. Но тој е еден и единствен, а кога е повреден фудбалот е посиромашен.

Адеми позитивен и на вториот допинг тест

Откако падна на првиот, македонскиот репрезентативец Аријан Адеми синоќа во Швајцарија е откриено дека е позитивен и на Б тестот. Казната за допинг е до најмногу 4 години неиграње фудбал.

И Бекенбауер под лисици со Блатер?

Извршниот комитет на ФИФА соопшти дека и легендата на германскиот фудбал е под истрага, откако се објави дека Германија наводно дала пари за да го добие домаќинството на СП 2006.

Најголемиот несреќник на ФИФА

Кај овој дечко нервозата позната како „ќе го фрлам телевизорот“ не останува само на зборови.

Тројната круна на Ајакс без пораз

Во модерниот фудбал има серии на непобедливост, рекорди на голмани кои не примиле гол преку 900 минути и по пет голови за 9 минути. Рекордот на Ајаксовата генерација од 1994/1995 сè уште не е стигнат.

Македонскиот талент од академијата на Арсенал

Топџиите од Лондон редовно ги претставуваат своите надежни играчи на својот јутјуб канал, а следен е струмичанецот Дејан Илиев кој има договор со Арсенал до 2018 година и кој сака да донесе позната пејачка во Македонија.

Џабе викаш дека е твоја

Повозрасните знаат за излетите на легендарниот Момчило Грошев кој бил синоним за урликот моја кога топката е во неговиот шеснаесетник. Во Литванија на мечот Шиаулиаи - Атлантас еден голман не вика гласно како Грошев.

Кога замената е златна

Прво нешто што ни паѓа на памет кога зборуваме за фудбалери кои влегле од клупата и го решиле мечот сигурно е финалето на ЛШ 1999-та, кога Солскјер и Теди Шерингам во судиското продолжение му донесоа триумф на Јунајтед против Баерн Минхен. Но не се само тие двајца, има и други.

Кога чичо ќе ти го испие мозокот со заврзани очи

30 беспрекорни секунди со стариот кој ќе му ја сокрие топката на цело маало. Толку е добар што ќе помислите дека во него се кријат Роналдо, Роналдињо и Ибрахимовиќ заедно.

Статистиката на Баерн не вредеше на Емирати

Пеп Гвардиола го смени начинот на игра откако е во Баерн Минхен и го примени оној кој го практикуваше со Барселона. Но за вчерашниот меч во ЛШ, германските медиуми имаат право жестоко да го критикуваат.

Порто и Невес испишаа историја во ЛШ

Играчот од средината на теренот на Порто, Рубен Невес со 18 години стана најмладиот капитен на една екипа во Лигата на шампионите.

Капче на Звезда во Загреб направи проблем

Фудбалерот на Олимпијакос, Лука Миливојевиќ по мечот Динамо З. - Олимпијакос (0-1) се појави пред новинарите со капче на неговиот поранешен клуб. Обезбедувањето на стадионот тоа го сфати како провокација, па се натегаа дури и со службените лица од УЕФА за фудбалерот да ја тргне капата.

Рома прокоцка три бода, Арсенал го скроти Баерн со Левандовски

Со осум голови Баер Леверкузен и Рома го одиграа најефикасниот меч сезонава во ЛШ. Арсенал му го зема скалпот на Баерн Минхен, а Порто, Барса и Зенит рутински против Макаби, Бате и Лион.

Ноер како мачка на Емирати

Арсенал и Баерн Минхен го затворија полувремето во Лондон без голови, а најзаслужен за тоа е Мануел Ноер кој одбрани топка која беше видена во голот.

Вака ли ќе биде вечерва на Емирати?

Алекс Иоби кој игра за Арсенал У19, со два гола го реши Баерн Минхен во младинската Лига на шампиони. Се работи за фудбалер од Нигерија и внук на Џеј Џеј Окоча кој е од 10 години на Емирати и кој беше на припреми со сениорскиот тим изминатово лето. 

Како Гигс и Невил ѝ дадоа гол на сиромаштијата

Двете легенди на Манчестер Јунајтед ќе им дозволат на група бездомници да ја поминат зимата во имотот кој е во нивна сопственост а кој на пролет ќе стане луксузен хотел.

Парадоксот на Златната топка

Според англиските букмејкери од Вил Хил, најголеми шанси за освојување на наградата најдобар играч во 2015-та година им се даваат на фудбалерите за кои знаат и врапчињата на гранките, Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Нејмар, така што бесмислена е секоја листа на кандидати.

Ристовски: Кралот се враќа

Десниот бек на македонската фудбалска репрезентација прв се израдува за враќањето на Пандев во националниот тим, а со него дружеше и во Италија.

Дарко Панчев во друштво на Левандовски, Стоичков и Шукер

Легендарниот Кобра во еден квалификациски циклус постигна 10 голови, а целата денешна репрезентација на Македонија едвај даде шест голови на 10 натпревари во кампањата за ЕП 2016 во Франција.

Кам бек на Горан Пандев

Најдобриот македонски фудбалер и најдобар стрелец во националниот тим со 26 гола се враќа во македонската репрезентација. Конечно да напишеме и некоја добра вест поврзана за македонскиот фудбал.

Тројца играчи на кои треба да им се забрани фудбалот

Однесувањето им е насилно и нецивилизирано, а за нивните постапки премалку е црвен картон.

Џибрил Сисе се повлекува од фудбалот

Поранешниот француски репрезентативец реши на 34 години да ја заврши кариерата во која настапуваше за 12 клубови во 6 различни земји.

Тевез на покер во своето гето

Тоа што е славен во цел свет и е полн со пари до гуша, не му го менува односот кон маалските другари. По престојот во Јувентус, Тевез повторно имаше богати понуди во странство, но реши да се врати онаку каде почна, во Бока Јуниорс. Дружбата со старата банда, не се плаќа со пари.

Фристајл Мората vs Софијан Тузани

Софијан Тузани е фристајл техничар кој ги предизвикува познатите фудбалски ѕвезди. Последен против кој играше на мали голови беше Алваро Мората од Јувентус.