Роден во 1952. година во Камерун, напаѓачот на Светското во Италија дојде со полни 38 години. И покрај тоа што беше резерва на камерунската репрезентација, успеа да постигне дури четири голови што за најголемото фудбалско натпреварување е одличен учинок.
Најпрвин, на легендарниот меч против Романија Роже Мила влезе во игра во 59. минута на местото од стандардниот шпиц Мабонга а веќе во 76. минута го постигна првиот гол на натпреварот и го прослави со танцот кај корнер знаменцето.
Неговата прослава на голот се вртеше долго по најавните шпици, а публиката ја виде уште три пати на Мундијалот - против Романија уште еднаш и потоа два пати против Колумбија во нокаут фазата (кога Рене Игита дриблаше и ја загуби топката).
Рожер Мила тогаш сигурно не претпоставувал дека неговиот танц ќе биде инспирација за многу фудбалери ден денес. Претежно играчите од црниот континент ги слават головите во неговиот стил.