Одењето на тренинг за фудбалерите на Интер Запрешиќ е секојдневно патешествие. Поради лошите временски услови нивниот терен во Запрешиќ е цел со кал и затоа мора секој ден со сплав да ја минуваат Сава и да тренираат во соседното место Медсаве. Несторовски е прв стрелец во хрватското првенство со 15 голови, а од наредната сезона ќе му прави друштво на Трајковски во Палермо.