Баерн Минхен сезонава има дадено 57 гола на 19 меча, а Борусија 71 гол на 22 средби. Левандовски постигна 19 гола на 18 натпревари, а Обамејанг 22 гола на 21 меч. Ова се однесува на сите натпреварувања.
На славниот италијански арбитар се потсетивме вчера, а повод беше хуманитарниот натпревар кој ќе го суди на кој тренери ќе бидат Фергусон и Анчелоти. Ете го денеска пак со една интересна вест каде му дава психолошка помош на едно дете.
Меѓу 157 милиони евра потрошени за трансфери минатата година, Каталонците одвоија 18 за Хрватот кој за кратко време стана омилен на Камп Ноу и незаменлив дел од составот на Луис Енрике.
Легендата на романскиот фудбал, Ѓеорѓе Хаџи не заборавил на фер-плејот од играчките денови. Како тренер на Витолул минатиот викенд на мечот против Астра Џурџиу му нареди на својот играч Бензар Ромарио да стане и да не глуми.
Мајсторијата против Виљареал изминатиов викенд и тазе номинациите за гол на годината, не потсетија на тоа што Нејмар им го правеше на дефанзивците во Бразил, додека играше за Сантос.
Клупската политика на Атлетик Билбао уште од основањето е во тимот да има само Баскијци, играчи родени во Баскија. Оттука оние кои знаат за ваквиот став се чудат од каде во Билбао црномурен играч и тоа најдобар во составот.
Непостоечкиот пенал на дербито Рома – Лацио сè уште се коментира во италијанските медиуми, а ист таков кога беше досуден против Рома, во корист на Јувентус, тренерот на Римјаните го коментираше како поклон.
Роналдо, Меси, Нејмар, Зидан, Роналдињо. Од сите овие петмина, детево има по нешто. И го прави, онака мртов ладен како да е најнормално вака да се игра фудбал на 9 години.
Тоа што екипата на Мурињо е на петто место, ама од доле нагоре на табелата почна да им создава хистерија на навивачите, па почаа со претпоставки како ќе заврши нивниот тим.
Понеделник е коњак ден за коментирање и анализирање на спортскиот викенд, но во Лондон ако те фатат дека многу ти збори устата, може да те избркаат од работа.
Дејвид Бекам во сабота ќе ги донесе во Манчестер најдобрите играчи од неговата генерација, кои ќе настапат на хуманитарниот меч Уницеф за децата, а кој ќе го суди најдобриот фудбалски судија во историјата.
Во центарот на Калининград, знакот со кој се најавува Светското првенство во фудбал во Русија, ветерот го преименувал во УСА. Како измислено за љубителите на теоријата на завера. Метеоролозите во меѓувреме најавиле засилен ветер од запад.
Благодарение на рекордот против аутсајдерите кој го оствари на денешен ден пред 19 години, Македонската фудбалска репрезентација даде вкупно 22 гола на квалификациите за СП 1998. Но до сега ниту на еден друг мундијалски квалификациски циклус нема постигнато повеќе од 11 гола.
Победата на Рома против Лацио од 2:0, синоќа ја прослави и Влатко Гроздановски кој е навивач на Рома. На 24 септември 2003 година, Гроздановски беше на Олимпико и како играч, кога Вардар беше совладан од Рома со 4:0 во првото коло од Купот на УЕФА.
Наместо да му ја врати коректно и ферски од аут топката на голманот, Руди Гештеде од Астон Вила со сета сила му ја фрли, се затрча кон голманот Џо Харт и заработи корнер. Тоа беше причина гостинските фудбалери да му се сипат на Гештеде.
Аматерскиот клуб Салфорд сити направи сензација во ФА купот каде го елиминираше третолигашот Нотс Каунти. Едни од најсреќните на трибина беа Гери Невил, Пол Сколс и Ники Бат кои заедно со Рајан Гигс и Фил Невил се газди на клубот.
26 мај 2013 година е историски датум за двата големи ривали од Рим кои за прв пат се сретнаа во финалето од Купот на Италија. Го реши Лулиќ во 71 минута, а како тренер го доби Босанецот Владимир Петковиќ, кој за италијанските медиуми зборува на таа тема во пресрет на утрешната пресметка.
Навивачите на Шалке познати како УГЕ (Ултрас Гелзенкирхен) кои се во одлични односи со Комитите, ги мотивираа играчите на последниот тренинг пред утрешното Рурско дерби против Борусија Дортмунд од 15:30 часот.
Тренерот на Челси денес нема да може да го води клубот од клупата против Стоук, откако ФА го суспендираше за овој меч поради тоа што два пати одбил да ја напушти соблекувалната на судиите после мечот со Вест Хем минатиот месец.
Тоа беше време помеѓу две големи фудбалски трагедии, година и пол по несреќата во Нејсел и три години пред Хилсброу. Фергусон беше кусо време селектор на Шкотска, а потоа го бараа неколку екипи од Англија. Го направи вистинскиот избор.
ФИФА го скрати изборот за најубав гол на годината од илјадници голови на десет. Во најтесниот избор на кандидати влегоа голови постигнати од 27. септември 2014 до 23 септември 2015 година. На 30. ноември ќе останат само три најмногу гласани голови кои ќе се борат за наградата Ференц Пушкаш.