„На 24. март 2016. година, Јохан Кројф (68) почина во Барселона, во кругот на семејството, по тешката борба со канцерот. Со голема жал бараме од вас да ја почитувате приватноста на семејството ви време на болка и тага", стои на официјалниот сајт на Јохан Кројф.
„Имам впечаток дека водам 2:0 на полувреме од мечот против ракот на белите дробови. Сигурен сум дека ќе победам“.
Покрај Купот на шампиони, со Копјаниците од Амстердам Кројф 8 пати го освоил холандското првенство, еднаш Интертото Купот, пет пати холандскиот куп, еднаш европскиот Супер Куп и еднаш Интерконтиненталниот Куп.
По Мундијалот и поразот од Западна Германија во финалето замина во Барселона за светски рекорден трансфер од 6 милиони холандски гулдени (2 милиони долари). Во главниот град на Каталонија брзо станал миленик на навивачите и како играч со Барса освои титула во првенството и во Купот.
Како тренер на Ајакс два пати го освои холандскиот куп и еднаш УЕФА Купот на Куп победници. Најславните денови од тренерската кариера ги доживеа во Барселона. Со Каталонците освои: 4 титули во Ла Лига, еден Копа дел Реј, три Супер Купа на Шпанија, еден Европски Куп и еден Европски Супер Куп. Во сезоната 93/94 загуби во финалето од Милан.
Франц Бекенбауер изјави дека е шокиран со веста за смртта на Кројф кој му бил како брат:
Жал и сочувство изрази и Гари Линекер:
Руд ван Нистелрој:
Неговите најдобри и поучни цитати од кариерата тука.