973 минути со Буфон

Ако спиете 8 часа, следните 16 часа додека сте будни може да ги потрошите на гледање паради од Џиџи Буфон. Толку трае видеото кое Јувентус го одбрани за да му го одбележи историскиот рекорд.

Легендарниот италијански голман кој прими гол во градското дерби од Торино минатото коло, го мина Дино Ѕоф и постави нов рекорд во Италија, а тоа се 973 минути без примен гол.

Клубот реши да направи видео од 973 минути или 16 часа и 13 минути во кои може да ги гледате сите негови одбрани за време на периодот кога никој можеше да му ја смести топката во гол.

На 4 часа и 8 минути гледање пресметале дека тоа е исто време како да патуваш од Торино до Рим со најбрзите возови, а периодот од 9 часа и 17 минути  го споредиле со времетраењето на триологијата на Lord of the Rings.

28 март 2016 - 15:26