Постојат 14 правила за да се стане вистински спортист, а тие ги има напишано легендарниот Јохан Кројф кој ја носеше 14-та на грбот. Неговата фондација има отворено над 200 фудбалски терени за деца во цел свет, а тие што играат фудбал на нив прво ги читаат правилата.
1. ТИМСКА ИГРА – За да се практикува тимската игра треба сите да учествуваат во неа.
2. ОДГОВОРНОСТ – Грижете се за работите како да се ваши.
3. РЕСПЕКТ – Почитувајте се меѓусебно.
4. ИНТЕГРАЦИЈА – Вклучете ги другите во вашите активности.
5. ИНИЦИЈАТИВА – Соберете храброст да пробате нешто ново.
6. ТРЕНИНГ – Помагајте си секогаш во тимот еден на друг.
7. КАРАКТЕР – Секогаш бидете исти.
8. СОЦИЈАЛНА ПОСВЕТЕНОСТ – Бидете круцијални во спортот и уште повеќе општо во животот.
9. ТЕХНИКА – Тоа е основата.
10. ТАКТИКА – Секогаш да знаете што правите.
11. РАЗВОЈ – Спортот ги развива телото и душата.
12. УЧЕЊЕ – Обидувајте секој ден да научите нешто ново.
13. ИГРАЈТЕ ЗАЕДНО – Тој дел е од суштинско значење за играта.
14. КРЕАТИВНОСТ – Тоа е убавината на спортот.