Фудбал

Пораз на Македонија во Копер

Македонската фудбалска репрезентација ја прекина традицијата од три победи на досегашните три пријателски средби со Словенија откако вечерва беше совладана со минимални 1:0. Со Пандев подобро играме.

Топ 5 голови на Пандев за Македонија

Со 26 голови Горан Пандев е најдобар стрелец во македонската фудбалска репрезентација, а со 32 години не е престарен за да не може да одигра барем уште 2-3 години. Неговото богато 12 годишно искуство од Серија А му е потребно на Македонија која е на срамното 138-мо место на рангот на ФИФА. Ајде Гоче покажи се уште вечер.

Најдобриот фудбалер на Андерлехт си оди од Брисел

Аргентинскиот напаѓач е преплашен од терористичките напади во Брисел и вели дека летово мора да си оди од Белгија по секоја цена, за што зборувал со менаџерот и сопругата.

Англискиот селектор зема 416.666 евра месечно

Рускиот селектор Леонид Слуцки без никаква надомест ќе ја води Русија на Европското првенство во Франција затоа што е договорен како привремено решение со можност да остане на клупата. Конте има плата од 318.000 евра месечно, а Јоаким Лев 3,2, милиони евра годишно.

Најдобрите контра напади во Лига на шампиони

Меси, Роналдо, Торес, Роналдо, Бејл, Роналдо, Креспо, Анри, Креспо и Клаудио Лопез се имињата на егзекуторите на топ 10 најдобри контри кои сме ги гледале во вторник и среда.

Фудбалерот на Белгија кој избегна три терористички напади

Белгискиот репрезентативец Џејсон Денаер е играч на Манчестер Сити на позајмица во турскиот Галатасарај. Во последните 10 дена избегнал дури три терористички напади.

Волејот на Чоко на асистенција на Цапар

За пријателски сме цареви, ако може така да се каже бидејќи само таму имаме едвај позитивен скор од 33 победи, 32 порази и 28 нерешени, а сега ќе се потсетиме на еден врхунски хајлатс од 54 секунди кој е стар точно 22 години.

Паролите за пресадувањето коса на Антонио Конте

Иако има 46 години, благодарение на пресадувањето на косата од пред некоја година, извесно новиот тренер на Челси изгледа многу помлад. Перфекционист е не само во струката, туку и во изгледот и бил горд на косата.

Македонија на цел дрес да е

Македонија vs Грција. Локација: Мелбурн. Дресови: Најмакедонски што може. Одиме со химната јер добро е да се билда победничка атмсофера пред вечерашниот дуел со Словенија од каде и почна да се испишува историјата на нашата репрезентација која тргна со победа 1:4. Стрелци: Бошковски, Панчев, Најдоски, Јаневски.

Кога се сака, сè се може

На мечот меѓу Перу и Уругвај кој заврши 3:3, домашниот голман Анхело Кампос бранеше неодбранливо и покажа дека што се сака, се може ако се потрудиш.

Кои се најверни играчи во Европа а кои не

Капитенот на Рома ја игра 24-та сезона по ред со Џалороси, во Европа никој како него, но рекордот го држи неговиот поранешен компањон кој денес игра во Верона: Лука Тони смени 15 клуба во кариерата. Кои се најверни играчи во Европа?

Барем шпага да направеше, можеби ќе ја фатеше

Иако има 127 настапи за Шведска и е трет по број на репрезентативни настапи, Андреас Исаксон кој брани за Касимпаша на додавањето на Бугаринот Страхил Попов реагираше како прв пат во живот да брани.

„Да ме судеа, сите ќе викаа обесете го“

Една од најомразените личности во францускиот спорт, Рајмон Доменек изјави дека со книгата која што стана најпродавана во Франција и преведена на неколку јазици, завршило каменувањето врз него кое траеше со години.

Кој е Усеин Болт во Премиер лига

Јунајтед “го забоде“ во срце Сити во градското дерби откако Маркус Рашфорд го легна Демикелис и ладнокрвно го совлада Харт. Но тинејџерот на Манчестер Јунајтед не е најбрз фудбалер меѓу Црвените Ѓаволи.

Документарец за магичниот пат на Лестер

Сè што треба да знаеме за и околу клубот и градот кои се на прагот на најголемото изненадување во светот на фудбалот во последните неколку децении се наоѓа во 55-минутен документарец. Кој, зашто, каде, како и што е тајната на успехот? Одговорите лежат во видеото.

Фудбалот денес не е важен во Белгија

Брисел е погоден од терористички напади на две локации, а тоа се случува седум дена пред белгиската фудбалска репрезентација да ја пречека Португалија. Мечот е неизвесен, а на аеродромот каде имаше експлозија требал да слета брат му на Новак Ѓоковиќ.

Жонглерот што жонглира со чинии - Мамаду Сако

Францускиот дефанзивец со потекло од Сенегал ги освои симпатиите на Енфилд Роуд и се смета за легитимен наследник на Џејми Карагер и Сами Хипија. Постојат неколку силни причини зошто навивачите на Ливерпул имаат доверба во него.

Најмалата фудбалска лига во светот

Замислете група на фудбалери чија пасија е толку голема што секоја сезона се среќаваат против истиот противник, на истиот терен, потоа се ракуваат против истите играчи и ги прифаќаат судиските одлуки од еден ист судија.

Кој управува со Лестер?

Тајланѓанецот чие презиме никогаш нема да го прочитате од прва има 58 години, е религиозен човек кој понекогаш со хеликоптер го напушта стадионот. Лестер го купил за 30 минути иако имал желба да пазари некој друг премиерлигаш од Лондон.

Ем голман ем водач на навивачите

Италијанскиот третолигаш Читадела гази со 8 победи по ред, на вториот на табела му бега 10 бода и со една нога веќе е во втора лига. За славеничката атмосфера меѓу навивачите да биде уште поголема, се погрижи голманот Енрико Алфонсо кој одлично се снајде како нивен водач.

Куриозитетот на Роси, Алегри и Буфон

Фудбалските моменти од минатото и сегашноста понекогаш се испреплетуваат на многу неочекуван начин. Тоа е случај со Роси и Буфон кои викендов беа топ тема во Италија околу историскиот голмански рекорд кој е урнат по 22 години, а каде во двојна улога се наоѓа Алегри.

Треба ли Погба да го менува берберот?

Со текот на времето, Французинот кој стана лидер на Јувентус го остава светот во исчекување на неколку нешта: нови голови, нови титули, мегатрансфер во Реал или Барселона и нова луда фризура. Ова последново најчесто се случува.

Голман со глава во 94-та за реми

Во Данска, Алборг имаше голема шанса да им избега на ривалите за третото место кое води во Лига Европа, но во тоа ги спречи голманот на Архус, Штефан Расмусен. И тоа во 94-та минута.