Во Англија сезонава се роди една анегдота:
2036. година. - Тато, се сеќаваш ли на 2016-та кога Лестер станал шампион? Како се случи тоа? - Па, сè започна кога синот на Најџел Персон викнал проститутки на Тајланд... Сексуално-расистичкиот скандал минатото лето во кој за време на подготовките учествувал и синот на тренерот на Лестер беше причина Најџел Персон да добие отказ од клубот. Притоа и резултатите беа катастрофални.
Човекот кој го стави Лестер над популарните личности, тренерот и играчите и го врати угледот на клубот меѓу навивачите се вика Вишаи Шриваданапрабха. Сама по себе оваа постапка зборува многу, а подолу ќе читате повеќе факти за човекот кој го запиша своето име во историјата со Џејми Варди, Риад Марез и Клаудио Раниери.
Вишаи Шриваданапрабха е 58-годишен бизнисмен од Тајланд, сопственик на најголемата национална слободна бесцаринска зона во Тајланд King Power, компанија која што зазема монополска положба на аеродромите во Бангкок. Образованието го завршил во Тајван и САД. Оженет е и има 4 деца.
Спаѓа меѓу најбогатите луѓе на Тајланд. Forbes го стави меѓу 10-те најбогати Тајланѓанци со богатство проценето на 3,2 милијарди долари.
До февруари 2013-та година, Вишаи се презивал Ракшриакшорн, а новото презиме според тамошната локална традиција му го дарувал кралот на Тајланд. Монархот според обичаите им дава презимиња на семејствата кои достигнале грандиозен успех, а Шриваданапрабха означува „семејство благословено за успех“.
Азиецот го купи Лестер во 2010. година од Србинот Милан Мандариќ на чие место дојде неколку недели потоа и го постави Кинг Паур (King Power)за генерален спонзор на клубот.
Како што неодамна излезе информација според која син му Аиват признал дека татко му сакал како подарок да му купи клуб во Премиер лигата, но првенствено мислел на клуб од Лондон. Сепак, со луѓето од Лестер се договорил за 30 минути, а во почетокот најмногу пари потрошиле за трансферот на Џермејн Бекфорд, најпознат со тогашниот тренер на екипата Свен-Горан Ериксон.
Една од главните задачи на Вишаи Шриваданапрабха била да го прошири брендот Лестер на азискиот пазар, традиционално освоен од Манчестер Јунајтед.
Клупскиот прибор на Лисиците се продава на сите аеродроми и воопшто продавници во сопственост на империјата Шриваданапрабха. Дури и пред почетокот на секоја сезона, Лестер патува редовно на подготовки во Азија.
Сепак фудбалот не е главен спорт на претседателот на Лестер. Вишаи Шриваданапрабха е луд за поло. Главата на семејството е долгогодишен вљубеник во коњите, а страста за полото му пораснала во Англија. Кога се вратил назад на Тајланд, Вишаи оформил Поло Клуб во Бангкок.
Тоа не му било доволно, па ентузијазмот го однел до таму да оформи Здружение на поло клубови во Тајланд и во 2004. да добие официјален меѓународен статус. На раскрсницата на деценијата, Азиецот го водел тимот King Power Foxes (кој би помислил тогаш на Лисиците), екипа која минатата година освоила неколку британски турнири. Вишаи им го дал клубот на двата сина да го водат.
Вишаи може да си дозволи и да слетува на стадионот во холивудски стил - на хеликоптер. Тако беше против Њукасл и на последните две средби дома против Челси. Откако спикерот на разглас објавил дека теренот мора да биде безбеден и чист поради следување на хеликоптерот, неколку играчи на Челси меѓу кои Хуан Куатрадо и Лоик Реми отидоа до пилотската кабина да поразговараат со пилотот. Хеликоптерот е обоен со грбот на Лестер.
И покрај тоа, Тајландскиот милијардер е окарактеризиран како скромен, мирен и религиозен човек. Вишаи Шриваданапрабха организирал десетина посети на будистички монаси на стадионот Кинг Пауер, а еден од ниев Фра Промангкалачан од храмот во Бангкок минатата недела буквално опиша како монасите се дружат со фудбалерите и им дале амајлии за среќа.
Шриваданапрабха се дружи и со навивачите, иако на почетокот тие беа скептични поради лошиот исход со Тајланѓанецот од Манчестер Сити Таксин Шинаватра кој заврши во затвор на времето. За разлика од него, Шриваданапрабха ужива голема почит меѓу луѓето во Лестер, а во 19. коло од Премиер лигата даваше по шише пиво за секој навивач во знак за благодарност за поддршката во 2015-та.
Кон крајот на јануари, Шриваданапрабха добил почесна диплома доктор по право на Универзитетот во Лондон, чијшто претставник рече: „Неговиот придонес во бизнисот, спортот и друштвените иницијативи се идеали за кои трагаат нашите дипломци".
Целта на Лестер сезонава беше да завршат 12. место и да обезбедат опстанок, а за таквиот „подвиг" (замислете) газдата нуди бонус од 6,5 милиони фунти. Којзнае колку ќе даде ако тимот на Клаудио Раниер ја освои титулата. Освен викендот во Лас Вегас за кој им ветил на играчите дека ќе биде на негов трошок.