Шриваданапрабха беше претседател во англискиот фудбал со најтешко презиме за изговарање, но сепак скромен и тивок човек кој ги урна стереотипите на недопирлив газда. Тој се дружеше со навивачите и го бараше минимумот од тренерот.
Хеликоптерот на тајландскиот милијардер Вичај Шривадханапрабха се урнал веднаш по полетувањето од „Кинг Пауер“ стадионот каде газдата редовно слетуваше да го гледа клубот на кој му ја донесе историската титула.
Тајланѓанецот чие презиме никогаш нема да го прочитате од прва има 58 години, е религиозен човек кој понекогаш со хеликоптер го напушта стадионот. Лестер го купил за 30 минути иако имал желба да пазари некој друг премиерлигаш од Лондон.