Најмалата фудбалска лига во светот

Замислете група на фудбалери чија пасија е толку голема што секоја сезона се среќаваат против истиот противник, на истиот терен, потоа се ракуваат против истите играчи и ги прифаќаат судиските одлуки од еден ист судија.

Ова не е мајтап, туку вистинско сценарио кое се повторува секоја недела на островите Сили, југозападно од Велика Британија. Актери се Гарисон Ганерс и Волпак Вандерс, двете екипи кои ја сочинуваат најмалата фудбалска лига на планетава земја.

На 40 километри од најјугозападниот дел на Англија има 56 острови, а во 1920 година пет од нив формирале фудбалска лига и играле меѓу нив. Промените настанале во 1984 година и од тогаш Гарисон и Волпак кои се наоѓаат на островот Сент Мери имаат своја лига призната од ФА.

Секоја недела во 10:30 часот, Гарисон Ганерс кои носат сини дресови се среќаваат против Волпак Вандерс во црвени дресови. Сезоната им почнува во средина на ноември, а им завршува на крајот на месец март.

Сè на сè овие две екипи се среќаваат 22 пати, а шампионската титула ја освојува оној што ќе освои најмногу бодови како што е секаде.

Конкурентноста е обезбедена благодарение на правилото според кое капитените на двете екипи се среќаваат пред секоја сезона и одбираат кои играчи ќе ги земат во тим, а одредувањето за тоа кој бира е прв оди преку фрлање на паричка.

Системот функционира добро вели поранешниот секретар на лигата Час Вуд кој е најстар играч со 70 години и кој пред секоја сезона си ја проверува бојата на дресот за да знае на која страна треба да игра.

„Првите две екипи на табела се секогаш исти се разбира, но лигата сè уште е исклучително добро балансирана. Пет од последните осум сезони беа решени во последното коло. Лани „Црвените“ имаа одличен старт и се чинеше дека ќе ја освојат лигата уште на Божиќ. Имаа 18 бода предност, а сепак првенството се реши во последно коло. На Црвените им требаше само реми за титула и победија со 2:1“, вели Вуд.

Гарисон Ганерс и Волпак Вандерс водат битки и во нокаут фазата во два купови Wholesalers Cup и Foredeck Cup. Единствениот пат кога не играат во лигата е кога ќе се сретнат во Купот кој повторно се одржува само меѓу нив.

Овие две екипи во првенството се среќаваат 18 пати, во едниот Куп имаат едно финале, во другиот имаат и реванш, а пред секоја сезона играат и Черити Шилд.

Како изгледа табелата во една од нивните сезони

21 март 2016 - 20:30