Сепак на крајот на неговата фудбалска кариера не беше секогаш така. На Конте му падна речиси целата коса од предниот дел од главата и тој решил да дејствува.
Најпрвин отишол на две трансплантации на коса во Италија, но не биле успешни, не му помогнале и потоа се одлучил да оди во познатата канадска клиника Hasson&Wong. Во Ванкувер Италијанецот го добил тоа што го барал и навистина му помогнале да добие густа и убава коса.
Сепак дека секоја приказна има добра и лоша страна, потврди и таа на италијанскиот селектор, кој се соочи со шеги на негова сметка по стадионите во Италија додека беше тренер на Јувентус.
„Ањели, скрати малку од веѓите, на Конте му треба коса“, пишуваше на една парола на Артемио Франки во Фиренца.
Во 2012. година, легендарниот Руд Гулит се пошегува на сметка на косата на Антонио:
„Со оглед на стресот во борбата за титулата, мислам дека на Антонио може да му падне цела коса. Секоја сезона да пресадувате коса - тоа е премногу", се насмеа Гулит.
Но Холанѓанецот и многу други ќе треба да молчат, затоа што Конте наскоро ќе стане тренер на Челси и тоа би можел да биде врвот на неговата кариера.
Во Премиер лигата, Конте нема да биде прв кој и кажал збогум на ќелавата глава. Прд неколку години, Вејн Руни успешно си пресади коса и Рајан Гигс исто. Во поново време судијата Марк Клатенбург има пресадена коса, а за такво нешто се одлучил и Германецот Дитмар Хаман кој призна дека отишол во истата клиника каде бил и Руни.